Author: Zoran Ivanov
Гевле: Најмалку шест лица се повредени во пукотница што се случи во саботата навечер во шведскиот град Гевле, кој е оддалечен околу 170 километри од Стокхолм.
Во руски напад со беспилотно летало погоден е патнички воз на железничката станица Шостка, во северниот украински Сумски регион, при што се повредени неколку десетици лица, соопштија денеска официјални лица од локалната администрација.
Во недела во Скопје ќе важи привремен режим на сообраќај, поради претстојното 21. издание на Виз Ер Скопски маратон. На оваа спортска манифестација ќе учествуваат рекордни над 14.000 натпреварувачи од 58 земј,. Ова значи дека одредени улици ќе бидат целосно или делумно затворени за сообраќај во периодот на одржување на маратонот, а променетиот режим ќе биде на сила до завршувањето на маратонот, до 14:00 часот.
Граѓанската иницијатива „Сите за П4лестина“ пред Владата на Македонија одржаа марш за Палестина. Маршот започна во 12 часот напладне од Плоштад Македонија, по што учесниците се упатија кон зградата на Владата, каде пред стотина луѓе одржаа говори и побараа од Владата да ја признаат Палестинската држава.
Фактот што двете страни – кои до вчера не покажуваа никаква волја за компромис, сега паралелно зборуваат за примена на еден заеднички план, е сигнал дека конфликтот навистина влегува во нова фаза. Прашањето е дали таа фаза ќе води кон вистински и траен мир, или само кон уште една привремена пауза во циклусот на насилство.
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање за најавите на кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ Орце Георгиевски дека во Скопје ќе има воз, оцени дека станува збор за уште лага од низата нереални и лажни ветувања.
ЦИВИЛ – Центар за слобода, во соработка со Вестминистерски сојуз за Украина, Глобална иницијатива за одбрана на демократијата, Нов европски форум на народите и Медија дијалог, ќе биде домаќин на меѓународната конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“ во Скопје од 8. до 10. октомври годинава.
Бургас: Ситуација во регионот на Бургас постепено се нормализира по големите поплави преизвикани од поројните дождови што ја зафатија Бугарија во изминатите денови. Во североисточниот дел од земјата и денеска е прогласен жолт аларлм за можно невреме, а се следат и тековите во сливот на реките Тунџа, Јантра и Марица.
Граѓанското здружение „16-ти Март 2025 Кочани“ за денеска најавува нов, 25. протестен „Марш за ангелите“ во Кочани кој ќе започне во 16:05 часот.
Палестинското радикално движење Хамас синоќа соопшти дека ќе ги ослободи и предаде сите израелски заложници – и живите и мртви – во согласност со предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп.
Палестинскиот Исламски џихад, сојузник на Хамас, го поддржа одговорот на групата за планот на Доналд Трамп за прекин на војната во Газа.
Американскиот претседател, Доналд Трамп, му нареди на Израел „веднаш“ да престане со бомбардирањето на Газа, откако Хамас делумно го прифати неговиот мировен план за ставање крај на речиси двегодишната војна.
