Author: Zoran Ivanov
Британскиот премиер Кир Стармер одлучи итно да се врати во Велика Британија откако доби информации за нападот во синагогата во Манчестер и го скрати престојот во Данска за самитот на Европската политичка заедница.
Седумдесет и деветгодишен велешанец е првиот македонски граѓанин осуден на куќен затвор и наскоро ќе биде првиот што ќе отслужи казната така што ќе носи електронската алка на ногата.
Израелската морнарица синоќа ја пресретнала флотилата на активистите кои се приближувале кон опколената палестинска територија, по што ги уапсила сите кои биле на бродовите, а мѓу нив и шведската активистка Грета Тунберг, како и внукот на Нелсон Мандела.
„Одбрана на демократијата – Боиште на вистината“ – меѓународна конференција за демократија и хибридни закани што ќе се одржи од 8. до 10. октомври во Скопје на која домаќин и соорганизатор е ЦИВИЛ – Центар за слобода.
„Бомба ќе експлодира“, „луѓето се стаорци“, „премногу ме малтретиравте сите, станав неосетлив“, се наведува меѓу другото во мејловите што утрово стигнале на дури 807 основни и средни училишта ширум Србија, а во кои се заканува со поставена бомба во училиштето.
Денес кога Европа се соочува со напади со дронови, Украина, која има релевантно големо, а можеби и најголемо искуство во справувањето со нив, нема да стои настрана и секако ќе им пружи поддршка на своите вистински пријатели, како што е Данска, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски при пристигнувањето на при пристигнувањето на состанокот на Европската политичка заедница во Копенхаген.
Израел објави дека активистите од флотилата, која Израел ја нарекува „Хамас-Сумуд“, пловат безбедно и мирно кон Израел, каде што ќе започне нивната постапка за депортација во Европа.
Министерството за внатрешни работи на својата веб-страница постави линк до регистарот на напади врз новинари, кој води до страницата на Здружението на новинари на Македонија каде е објавен регистарот. Овој регистар прикажува случаи на повреди на правата на новинари — со детали за видот на нападот, локацијата, статусот на пријавата и постапката. Формирањето на националниот комитет за заштита на новинари, додаваат од МВР, претставува меѓуресорско тело, комбинација од владини институции и невладини организации меѓу другото поврзани во новинарската фела. Процесот на формирање е во тек и по неговото финализирање една од примарните задачи ќе биде носењето на Национален акциски план…
Илон Маск стана првата личност чие нето богатство се проценува дека достигна 500 милијарди долари, според американското списание „Форбс“, кое главно се состои од акции во производителот на електрични автомобили „Тесла“ и во авио-вселенската компанија „Спејс-Икс“.
Бројот на жртви од уривањето на црква во изградба во регионот Амхара во Етиопија се искачи на најмалку 36, а повредени се повеќе од 200, во споредба со првичниот извештај од 25.
Белград: Сите основни и средни училишта во Нови Пазар утрово добиле дојави за наводно поставена бомба. Дојави за бомби пристигнале во училишта во Горњи Милановац, Белград, Ниш, Крагуевац, Нови Сад, Јагодина, Врање …
