Author: Zoran Ivanov
Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, изјави дека НАТО и Европската Унија водат војна против Русија „користејќи ја Украина како посредник“ и „директно учествуваат“ во конфликтот.
Покрај контролата на медиумската сцена, во Србија истовремено се одвива и процесот на „отстранување на несоодветниот персонал“ во образованието, Универзитетот, безбедносно-разузнавачкиот сектор, полицијата и армијата. Ете затоа и командантите на специјалните единици го вознемируваат Вучиќ. А од друга страна, писмото што неодамна – во информбировски манир го испрати новиот Сталин до Белград – предизвика поагресивно однесување на Вучиќ. Москва ги охрабрува бруталностите на режимот во Србија кои засега минуваат без падови на видни личности по скалите или низ отворени прозорци, во секојдневен кремљовски манир Љубомир Костовски Во „разгледниците“ што српскиот претседател ги донесе од Пекинг, за што веќе пишував во ЦИВИЛ…
Алијанса во стилот на НАТО е нереална, бидејќи би ги обврзала земјите од Заливот на војни што не ги сметаат за клучни за нивните интереси. Ниту еден владетел од Заливот не сака да биде вовлечен во конфликт со Израел околу Египет, на пример, вели Андреас Криг, вонреден професор на Факултетот за безбедносни студии на Кингс колеџ во Лондон. Сепак, работите се менуваат по нападот врз Доха. „Безбедноста во Заливот долго време се базираше на логиката на покровителство – во суштина, плаќате некого да се грижи за вашата заштита“, објаснува Криг. „Таа логика сега почнува да се менува, но полека“. Дојче…
Вашингтон: Американскиот претседател Доналд Трамп, потпиша извршна уредба за планот за продажба на американското работење со ТикТок на американски и глобални инвеститори, во согласност со законот од 2024 година според кој апликацијата ќе биде забранета ако нејзините кинески сопственици не ја продадат.
Од утре стапуваат на сила нови измени во Законот за безбедност во сообраќајот кои предвидуваат казни за користење мобилен телефон и слушалки кај пешаци, велосипедисти и возачи на тротинети.
Претседателот на Владата и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва изјави дека по завршувањето на локалните избори во Собранието ќе предложат македонска резолуција која што ќе има за цел да ги штити македонските национални интереси. Мицкоски изнесе повеќе забелешки за предложената резолуција на СДСМ, наведувајќи дека она што му паднало во очи во преамбулата е дека содржи неточни факти и лаги, и дека на ваков начин не се штитат македонските национални интереси.
Министерот за одбрана на САД, Пит Хегсет, им нареди на стотици генерали и адмирали итно да се соберат во базата на морнаричкиот корпус во Вирџинија следната недела, но причината за состанокот е во тајност, предизвикувајќи конфузија и загриженост во воените кругови по серијата преуредувања што ги спроведе администрацијата на Трамп. Пентагон покани воени претставници од целиот свет, а дури и врвните генерали и нивните штабови не знаат зошто, објавува „Вашингтон пост“.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во интервју „Шоуто на Аксиос“ се закани со бомбардирање на Кремљ ако Русија не ја прекине војната против неговата земја.
Париз: Поранешниот француски претседател Никола Саркози беше осуден на пет години затвор денеска со доживотна суспензија, откако судот во Париз го прогласи за виновен за соучество во криминална организација во случај поврзан со сомнително либиско финансирање на претседателската кампања за изборите во 2007 година, објави телевизијата БФМ.
