Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

За Охрид – најдобронамерно и од срце

0
By Zoran Ivanov on July 23, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 23, 2025 09:06

Имаме ли ние визија што сакаме од Охрид? Сакаме да имаме ексклузивен монденски центар во едно од најспектакуларните места во Европа или сакаме Пефкохори? Ако е второто, ок, ама тогаш ние сме тешки идиоти!

 Катерина Синадиновска

Секое доаѓање во Охрид имам само една мисла – да имаме ваква нестварна убавина, ваков дар од небото, вакво чудо од природата и да не знаеме ниту да цениме, ниту да искористиме, тоа не е само катастрофа од аспект на туризам или економски развој, тоа е просто грев кон татковината.

Приказната со УНЕСКО тече, а ние како да не сме свесни кој е влогот.

За разлика од Скопјанишчата, јас, како права тетовчанка (без разлика што сте чуле за тетовчани) немам проблем со цените во Охрид.

Отсекогаш сум тврдела дека Охрид не може да биде место каде ќе развиваме масовен туризам.

Е сега. Имам проблем со друго. Оти и цената треба да си повлеквит…

Не може бре овде да имате панаѓур, не може овие пластики, овие скари на кило и овие ѓоамити луна паркови каде божесачувај главниот страв е нешто да не се откачи.

Не може ова ѓубре, неосветлени улички надвор од центарот, овие турбо фолкови и овие атракции од грчките селца, ова лудило и оваа бучава.

Мене, охриѓани ми се многу драги, да, тие се чешит, ама тие се свои и нивната гордост богами си има и основа.

Затоа, ова што ќе го кажам сфатете го како најдобронамерно и од срце.

Јас имам целосно разбирање дека сезоната е моментот кога да не се овие “активности” градот тешко би живеел.

Ама, не што сум убедена, јас тврдам дека градот и тоа како подобро ќе живее ако биде Блед или Комо, а не Халкидики.

Тука не се виновни граѓаните, па дури ни локалната власт, колку што е битно да се има стратегија од “горе”. И тоа стратегија не од денеска за утре, од министер до министер или од влада до влада, туку од сега за следните 20, 30 години.

Имаме ли ние визија што сакаме од Охрид?

Сакаме да имаме ексклузивен монденски центар во едно од најспектакуларните места во Европа или сакаме Пефкохори?

Ако е второто, ок, ама тогаш ние сме тешки идиоти!

Под ние мислам вие, оти на “ние” во кои сум и јас, ни се плаче кога го гледаме потенцијалот згазен од профитерство и кратковидост.

Не дека ова не се зборувало и претходно, јас самата сум го кажувала, ама срце бре боли да се гледа овој рај киднапиран од џанк фуд и џанк култура.

П.С: Туку, добра вест – личи дека патот конечно, ама конечно ќе го биде. Да плукнеме три пати.

Од Фејсбук ѕидот на авторката

катерина синадиновска сколумна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 6, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

ВЕСТИ July 6, 2026

 Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот изрази оптимизам за напредокот кон завршување на војната во…

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

July 5, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.