Доцна попладнево три авиони го гасат пожарот кај Пелистер.

 

-Активен пожар има во Националниот парк „Пелистер“, кај место викано „Изворите“ на река Шемница над село Маловишта. Гори трева и нискостеблести растенија, но има опасност пожарот да се прошири во букова шума – објавија попладнево од Центарот за управување со кризи.

Пожарот има зафатено дел од планината на околу 1800 метри надморска височина. Засега е зафатена нискостеблеста шума и трева и во тој дел нема моликова шума. – обави „ТВ Орбис“.

Битолчани се испаничени затоа што над Пелистер се креваат големи облаци со чад.