Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Авионот на Орбан одлетал во Белград, ден откако Груевски побара азил

0
By Нова ТВ on November 16, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Приватниот авион на Виктор Орбан иако половина месец бил паркиран во Виена одлетал во Будимпешта, а потоа во Белград и назад, ден откако Груевски објави дека бара азил во Унгарија – објавува унгарскиот портал „Атлацо“.

Луксузниот приватен авион користен од унгарската владејачка и бизнис елита беше паркиран во Виена од почетокот на октомври. Авионот регистриран како ОЕ-LEM, по неколку месеци одмор на едно место, одлета од Виена рано во вторникот и слета во Будимпешта. Набрзо потоа повторно одлета, овој пат во Белград, а потоа се врати во Будимпешта. Летот во Белград се случил ден по објавувањето на македонскиот поранешен премиер Никола Груевски дека ќе бара азил во Унгарија.

Унгарските медиуми се сомневаат дека ова е авионот со кој патувал Груевски
Photo: atlatszo.hu

Атлацо објави во септември дека владејачката елита од Унгарија, вклучувајќи го и премиерот Виктор Орбан користи сосема нов лукзусен приватен авион вреден 53 милиони евра. Сопственоста на авионот е нејасна, а е регистриран во Австрија.

Луксузниот авион полетал од Виена и слетал во Будимпешта нешто пред 6 часот и 30 минути утрото, а повторно полетал во 8 часот истото утро, овој пат упатувајќи се кон Белград. Во Белград пристигнал за триесетина минути, а тргнал назад кон Будимпешта попладнето и пристигнал таму нешто пред 16 часот. Од тогаш авионот е паркиран на аеродромот во Будимпешта.

Унгарската влада попладнево се огласи со соопштение во кое тврди дека „не му помогнале на Груевски да ја напушти Македонија“. Но во изјавата, нема ниту збор за информациите дека унгарските дипломати активно му помагале во најмалку три други држави. Притоа, никој досега официјално не ја обвинуваше Будимпешта дека го извлекла Груевски од Македонија.

Оттаму уште додаваат дека Груевски е „легално во Унгарија“.

Унгарските власти, претходно, веќе потврдија дека Груевски изразил желба да поднесе барање за азил во трета земја, и тоа најверојатно се случило во амбасадата во Тирана. Оттаму, тој отпатувал за Црна Гора и потоа се упатил кон Србија. Логистиката за целото патување била организирана од унгарски дипломати од амбасадите во овие три држави.

Од Србија се уште нема одговор кога и како Груевски заминал за Унгарија, а српското МВР одбива да одговори на веќе две барања за информации од Дојче веле.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ограбен е уште еден музеј во Франција: Украдени се 2.000 златни и сребрени монети

October 23, 2025

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025

Масовно затворање продавници низ Србија поради маржите воведени од Вучиќ

October 21, 2025
ФОКУС

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

ВЕСТИ October 23, 2025

Градоначалничката Данела Арсовска во објава на социјалните мрежи утрово пишува дека одговорноста за состојбата во…

Трамп ја откажа средбата со Путин: Едноставно не ми се чинеше исправно  

October 23, 2025

23 октомври – Ден на македонската револуционерна борба

October 23, 2025

ЕП усвои резолуција за Србија – оценките за состојбата во земјата неповолни

October 22, 2025
ТИКЕР

Ограбен е уште еден музеј во Франција: Украдени се 2.000 златни и сребрени монети

October 23, 2025

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025

Масовно затворање продавници низ Србија поради маржите воведени од Вучиќ

October 21, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.