Published: Sunday, December 22, 2013 09:48
Скопскиот аеродромот Александар Велики и денеска е парализиран од густата магла. Ноќеска и утрово откажани и одложени се бројни летови како за полетување така и за слетување. Само во текот на палдневните часови кога ќе се расчисти маглата можно е стабилизирање на авиосообраќајот.
Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци во земјата, како што информираат од Македонијапат, се одвива тековно, по суви коловози. Магла со видливост до 100 метри има на патниот правец Петровец-Катланово.
На планинските превои и осојничавите места коловозите се наместа влажни. Во клисурите и усеците можни се помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Делчево, Виница – Берово, Маврово – Дебар -Струга, Демир Капија – Удово и Катланово – Велес.




