Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

АВМУ ќе почне постапка за концесијата на Радио Слободна Македонија

1
By Нова ТВ on April 27, 2018 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, April 27, 2018 16:51

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ќе почне постапка за одземање на концесијата на Радио Слободна Македонија.

Во Извештајот што е објавен на интернет страницата на АВМУ од контролата во Трговското радиодифузно друштво Радио Слободна Македонија ДООЕЛ Скопје било утврдено дека не се исполнети минималните кадровски услови утврдени со Правилникот за минимални технички, просторни, финансики и кадровски услови за добивање дозвола за радио и телевизиско емитување.

Поради ова, од  директорот на Агенцијата се бара да достави предлог до Советот за покренување постапка за одземање на дозволата за радио емитување.

Во Радиото е вработено само едно лице на неопределено време. Останатите девет договори на дело, кои биле поднесени до Агенцијата пред еден месец, биле со важност до 11 април. Радиодифузерот не доставил документи со кои би се утврдило дека по овој датум, Радиото ги исполнува минималните кадровски услови. Според членот 9 од Правилникот за минимални услови за добивање на дозвола за радио емитување бројот на вработени треба да биде десет, од кои тројца со ВСС, вработени како новинари.

„Имајќи го предвид констатираното прекршување на член 62 став 6 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, според кој за „обезбедување на телевизиско или радио емитување покрај условите и обврските пропишани во овој закон, радиодифузерот треба да исполнува посебни минимални, технички, просторни, финансиски и кадровски услови во зависност од програмскиот формат, а согласно член 82 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, согласно кој – Агенцијата ќе ја одземе дозволата за телевизиско или радио емитување пред истекот на рокот за којшто е издадена и ќе го избрише радиодифузерот од регистерот доколку настанат околности што претставуваат законски пречки за имателот на дозволата да ја врши дејноста, се бара мерка одземње на дозволата за радио емитување.

Радиото Слободна Македонија со месеци не емитува програма во живо.

Сопственик на Радио Слободна Македонија е фирмата НВСП, чиј газда е Владислав Стајковиќ. Фирмата НВСП се појавуваше во прислушуваните разговори, кога се слушаше гласот на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков како договара милионски провизии со Израелците за набавка на опрема за прислушување. Според аудио снимките на опозицијата, дел од парите требале да легнат на сметката на НВСП.

Инаку, Владислав Стајковиќ е брат на поранешниот помошник-министер во МВР, Небојша Стајковиќ, кој е обвинет во случајот „Трезор“ на Специјалното јавно обвинителство, заедно со Мијалков, поранешниот шеф на неговиот кабинет, Тони Јакимовски и екс началникот на петтата управа, Горан Грујевски.

Радиото Слободна Македонија почна со работа во декември 2013 година и од тогаш беше медиум кој отворено ја подржуваше тогашната власт. На сметка на радиото се слеваа илјадници евра, а свои емиси имаа гласните подржувачи на политиката на ВМРО ДПМНЕ: Миленко Неделковски,Јанко Илковски, Ацо Станковски, Тања Каракамишева, Ристо Никовски, Тони Михајловски но и новинари од владините телевизии Славица Арсовска, Наташа Мерсовска, Иван Мирчевски.

Газдата на Радио Слободна Македонија Стајковиќ беше член и на Надзорниот одбор на Државна видеолотарија, а преку НВСП и  прв газда на фирмата за обезбедување имот и лица СГС и прв газда на скопската компанија „Финзи“ која пак го поседуваше интернет-порталот „Нетпрес“.

Агенција за аудио и аудиовизуелни медиуми постапка за одземање на концесија Радио Слободна Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 17, 2026

УНЕСКО: Толку беше – Охрид во опасност

ВЕСТИ July 17, 2026

Напредокот е недоволен, а заканите за Охридскиот Регион и натаму се сериозни. Во најновиот извештај,…

САД напаѓаат Иран возвраќа – нови удари врз ирански цели и американски бази

July 16, 2026

Бриселски супер вторник: 4 држави напредуваат кон ЕУ – Македонија не е меѓу нив

July 14, 2026

 Пет часа во бранови САД го напаѓаше Иран

July 14, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.