Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Аврамопулос:Изборите во Скопје не тераат да бидеме воздржани

0
By Нова ТВ on March 11, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 11, 2013 08:17

Грчкиот министер за надворешни работи Димитрис Аврамопулос изрази воздржаност во однос на очекувањата од новата рунда преговори со медијаторот Метју Нимиц за прашањето за името на Македонија.

– Политичката криза и изборите во Скопје не тераат да бидеме воздржани. Кризата го потврди тоа што го зборувавме кога беше објавен извештајот на Европската комисија во октомври: опасно е проблемите да се кријат под тепих, изјави Аврамопулос во интервју за неделното издание на „Катимерини“.

Прашање на време беше кога властите во Атина и официјално ќе го потврдат она што меѓу редови се провлекуваше во грчките медиуми – дека Грција ќе ја искористи во своја полза политичката криза во Македонија.

– За функционална демократија според стандарите на ЕУ не е доволно само да се усвојат закони кои остануваат на хартија. Реформите мора да бидат спроведени во пракса, изјави Аврамопулос и дипломатски додаде дека грчките власти сакаат „во соседната земја да превладеат стабилноста и функционалниот демократски систем“.

Шефот на грчката дипломатија и овој пат не пропушти да го спомене Меморандумот за разбирање, кој Атина го испрати на Скопје како знак дека „Грција покажала дека сака и оти работи на решение“ за името.

Според него, токму меморандумот бил причината поради која преговарачкиот процес добил на динамика.

– Повеќето наши партнери го признаваат нашиот конструктивен став. Тоа, исто така, беше отсликано и во едногласната одлука на ЕУ во декември со која се повика на решавање на прашањето за името пред да се почнат преговори, рече Аврамопулос.

Интервјуто на Аврамопулос за „Катимерини“ доаѓа само неколку дена откако истиот весник пишувајќи за најавите за реконструкција на грчката Влада откри дека според едно од сценаријата, лидерот на ПАСОК Евангелос Венизелос најверојатно ќе ја преземе функцијата шеф на грчката дипломатија. Провладиниот весник изминатиов викенд повторно пишуваше за реконструкцијата на Кабинетот на Самарас, но овој пат, во исто време со интервјуто со Аврамопулос, напиша дека „при промените во Владата, речиси е сигурно дека некои функционери ќе си ги задржат позициите“, меѓу кои и министерто за финансии Стурнарас и за надворешни работи Аврамопулос.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.