Австрија го прекинува своето финансирање на Агенцијата на Обединетите нации за помош на палестинските бегалци (УНРВА) до спроведувањето целосна истрага за обвиненијата дека нејзини вработени биле вклучени во нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври, соопшти австриското Министерство за надворешни работи.
„Ги повикуваме УНРВА и ОН да спроведат темелна, брза и целосна истрага за наводите“, се вели во соопштението на Министерството.
Велика Британија, Германија, САД, Австралија, Канада и други земји, вклучително и Јапонија, веќе го прекинаа финансирањето на Агенцијата за помош која обезбедува витална поддршка на луѓето во Газа.