Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Австрија ќе ја затвори границата, Македонија ќе треба да ги стопира бегалците

0
By Влатко Чаловски on February 12, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, February 12, 2016 13:10


Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, по денешната средба со неговиот австриски колега, Себастијан Курц, рече дека во 2016 година низ Македонија ќе транзитираат стриктно толку бегалци колку што земјите од ЕУ официјално ќе примаат, на зајакната граница со соодветен легален премин.

Имено како што соопшти Попоски, за оваа цел, сите транзитни земји зафатени со бегалската криза координирано ќе постапуваат, за што потврди и Курц, потенцирајќи дека неговата рута низ Западен Балкан е токму поради тоа.

– За таа цел, Македонија ја поздравува финансиската помош, бидејќи до сега целиот трошок за справување со кризата беше врз грбот на македонските даночни обврзници, рече Попоски.

Курц додаде дека во 2016 година, Австрија ќе го достигне лимитираниот број на прифаќање на бегалци, кој е определен на околу 37.000 и дека потоа ќе ја затвори својата граница, а како помош за земјите кои ќе бидат погодени од тоа, меѓу кои и Македонија, ќе испратат свој полициски и воен персонал кој ќе работи под директива на македонските власти.

– Австрија е една од трите земји, со Германија и со Шведска, во кои најмногу се примаат бегалци. Нашите одлуки ќе имаат последици кон земјите од балканската рута, Словенија, Хрватска, Србија и Македонија, изјави Курц, додавајќи дека Македонија ќе мора целосно да го сопре бранот на бегалци.

Одговарајќи на новинарско прашање, дали во ЕУ се разгледува можноста за бегалски кампови во Македонија, австрискиот Министер за надворешни работи потенцираше дека не се исклучува можноста за отворање на прифатни центри, во кои, бегалците кои нема да можат да стигнат до земјите од ЕУ, ќе мора привремено да чекаат овде.

Министрите на средбата разговарале и за политичката криза во Македонија како и неопходноста за обезбедување слободни и демократски избори.

Рече дека Австрија би можела да испрати набљудувачи на изборите.

Попоски и Курц денеска потпишаа акционен план со кој се предвидува подобрување на економската соработка, помош во форма на обуки на млади дипломати и модернизација на јавната администрација.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.