Нов бран на зарази со корона вирусот ја зафати и австриската национална авиокомпанија, која само во саботата мораше да откаже 52 од 360 планирани летови.
Причина за откажувањето на летовите, според виенскиот весник Курир, се бројните боледувања на персоналот на австриската авиокомпанија.
Забележливо е зголемување на бројот на заразени со корона вирусот меѓу екипажот на летот, соопшти Остријан ерлајнс.
Конкретно стјуардесите деновиве се на боледување.
Причина за бројните инфекции би можело да биде укинувањето на обврската за носење маски на летовите на Остријан ерлајнс, која е во сила од 1 јуни.