Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Австриски компании за Македонија: Борба со корупција и ЕУ за добра бизнис клима

0
By Нова ТВ on February 16, 2016 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Борбата против корупцијата, платежниот морал и ЕУ интеграциите се трите најважни услови за успешен бизнис, но Македонија реално не посветува сериозно внимание на нивното исполнување“. Ова е заклучокот од третото истражување на бизнис климата во Македонија, кое го спроведува Трговското одделение при Австриската амбасада во земјава.

Задоволството на бизнисмените од тоа како Македонија се справува со овие три предуслови за успешен бизнис е на многу ниско ниво во однос на нивното рангирање како најважни точки за водење бизнис, стои нотирано во истражувањето.

„Ова е трет пат што ја прашуваме австриската бизнис заедница за нејзините видувања за економската ситуација во Македонија. За жал, една четвртина од нив, генерално, се песимисти за 2016 година во однос на минатата година, иако покажуваат оптимизам кога станува збор за состојбата во нивната компанија. Половина од нив планираат да вработат нови луѓе. Сепак, прашање број еден за австриските компании е политичката стабилност и затоа, тие внимателно го следат развојот на настаните“, рече Герхард Шлатл, трговско аташе на Република Австрија во Република Македонија.

Освен овие три услови, бизнисмените нотирале дека овој јаз се јавува и кај инфраструктурата, царинскито систем и управа, еколошката ситуација, како и кај достапноста до човечки ресурси.

Штефан Петер, извршен директор во ЕВН Македонија и претседател на Советот на странски инвеститори, објаснува дека 2015 година била тешка година за македонската економија.

„2015-тата беше тешка година за македонската економија. Но, можеби тоа функционира. Растот на БДП од 3,5% е добар показател, дури и во однос на некои европски држави. Турбуленциите на некои пазари влиајеа врз некои бизниси во Македонија што доведе до стагнација, дури и полошо. Затоа е неопходна добра стратегија за развој за да се надмине оваа состојба. Ние сме позитивни и веруваме дека секој предизвик е можност“, објаснува Петер.

За оваа 2016 година, според истражувањето, 485 од компаниите очекуваат раст на прометот, повеќе од 40% планираат нови вработувања и повеќе од 30% планираат да ги зголемат инвестициите.
—
Во истражувањето учествуваа стотина менаџери на австриските компании во Македонија, како и македонски компании кои соработуваат со нив. Истражувањето е спроведено во ноември и декември 2015 година.

Вкупната вредност на директните инвестиции од Австрија во Македонија, во 2015 година, изнесуваат 516,3 милиони евра со што Австрија е втор најголем инвеститор во земјава. Првата позиција ја зазема Холандија, а на третото и на четвртото место се Грција и Словенија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

ВЕСТИ November 10, 2025

„ИПАРД 3 е програма за периодот 2021–2027, чија цел е модернизација на земјоделството, развој на…

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.