Две лица загинаа, откако автобус влета во граѓани кои чекале на автобуска постојка во Москва.
Како што наведува „Раша тудеј“, денешната несреќа се случила кога возачот на автобусот се обидел да избегне друго возило, чиј возач нагло свртел за да избегне трето возило.
Новинската агенција „Тасс“ јавува дела две лица настрадале во несреќата која се случила на улицата Сходненскаја, но полицијата вели дека нема жртви, туку само тројца повредени.
Пред неколку дена се случи уште една несреќа, кога автобус, најверојатно поради откажување на сопирачките влета во подземен премин.
— Репвбблика (@Repvbblica) December 29, 2017