Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Автобусот имал пат на кочење, велат експерти за БНТ

0
By НОВА ТВ on November 24, 2021 ПОЛИТИКА
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 24, 2021 14:09

Погрешни и избледени хоризонтални ознаки, немање патна сигнализација, лоша состојба на рефлектирачката сообраќајна сигнализација, можен шверц на гориво или човечка грешка, се дел од можните причини за тешката сообраќајка со 45 загинати на автопатот Струма, во Бугарија. Ова го посочија експерти за безбедност на патиштата во „Денот почнува“ на БНТ.

Полицијата на местото на несреќата дозволуваше пристап само на вештаци и истражители, кои работата на утврдување на движењето на автобусот, местата каде што одмарал, како и брзината со која се движел.

Автомобилистот Румен Дунев, вели дека автобусот имал двапати пат на кочење и дека возачот на автобусот не спиел.

-Еден пат е непосредно пред островот, пред автобусот да удри во островчето. И вториот пат непосредно пред да удри во втората заштитна ограда. Возачот на автобусот не спиел. Непосредно пред несреќата има поправка на коловозот, каде што поминува од една во друга коловозна лента, каде што патот е стеснет, т.е. ако почнал да заспива тој таму ќе направел несреќа, вели Дунев.

Дунев тврди дека автобусот се запалил уште пред да ја однесе заштитната ограда од свртувањето.

– Бидејќи од фотографиите што ги има, гори и заштитната ограда, првата што ја удира. Направивме многу детален преглед да видиме дали проблемот е од пукната гума. Имаше траги, изјави Дунев.

Тој, исто така, посочува дека доколку на автобусот му пукнала гума, тогаш би требало да има траги од неа и на асфалтот.

– Во моментот кога се качува на островот, нема траги од бандажот и гумата, што нè наведува да веруваме дека најпрвин дошло до експлозија во автобусот. Тогаш возачот почнал да оди прво десно и да ја намалува брзината, бидејќи по сударот автобусот буквално со многу мала брзина тргнал на левата лента и бидејќи бил тежок, ја скршил заштитната ограда и паднал во просторот меѓу двете заштитни огради, вели Дунев.

Автомобилистот Димитар Илиев, на интернет објави видео во кое ја анализира целата рута по која возел автобусот пред кобниот судар, и констатира недостиг на соодветни знаци за фаталното исклучување, избледени ознаки кои не укажуваат дека има место за одмор на кривина на автопатот, како и немање доволно ефлектирачката сообраќајна сигнализација на заштитната ограда.

Здружението на жртви од несреќи, пак, ја поставува хипотезата дека шверц на гориво е причина за пожарот.

– Во интерес на вистината, пракса е од таму (Турција) да се купуваат запаливи работи, вклучително и плински боци и гориво, бидејќи горивото во моментов е исклучително поевтино отколку кај нас, вели Илија Тодоров од Здружението на жртви од сообраќајни несреќи.

Шефот на автомобилскиот инспекторат Бојко Рановски, смета дека преку патните камери и техничките средства на автобусот може да се утврди дали возачот одмара и со која брзина се движел.

– Има камери кои можат да го детектираат движењето на автобусот, брзината со која се движел и да се утврдат детали за настанувањето на оваа тешка несреќа, вели Рановски.

Тој нагласува дека само годинава се констатирани повеќе од 1.500 прекршоци во автобускиот превоз, а во моментов се проверуваат сите автобуски компании, како и дека во моментот се поставува електронски систем кој автоматски ќе ги проверува сите регистри.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
shortcut
ФОКУС
July 5, 2026

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

ВЕСТИ July 5, 2026

Компаниите што ги отпуштија вработените врз основа на тоа дека нивните работни места ќе бидат…

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.