Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Автодиверзија врз сопственото постоење

0
By Zoran Ivanov on May 31, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, May 31, 2025 17:41

Сдсм се дистанцираше и од себе, не само во врска со коруптивните работи на поединци туку, таков е впечатокот, и околу некои концепциски зафати за кои ние мислевме дека се врвни дострели на македонскиот модерен и единствено можен проект. Сдсм прогласи дека не биле доволно блиски со народот, народот кој фолклорот на патриотизмот го сака повеќе од лебот, а калта на традицијата повеќе од асфалтот на модерноста.

Бранко Тричковски

Итака, драги пријатели, државата што ја опљачкаа, разнебитија и размакедончија најголемите „патриоти“, на пат кон светлата иднина со ваучерот на патриотизмот (Мицкоски), стигна до неколку референци во Извештајот на Европскиот парламент во кои се повикуваат светот и останатиот космос да го признаат македонскиот јазик и македонскиот идентитет!

Од Мелмак веќе гласале „за“!

Известувачот Томас Вајс се срами што тие референци морал да ги стави на инсистирање на македонските патриоти од редот на говњарите, а се срамам и јас, имено, затоа што нит сум патриот нит сум говњар.

Само обичен, нормален човек, кој имал несреќа, без негова согласност, да го запишат како Македонец.

Несреќа што сега се нагласува со тоа што некоја будала се осмелил да бара меѓународно признание на мојата триесет и пет годишна заробеност и хендикепираност во изолираното друштво на идиоти, хохштаплери, лудаци и пљачкаши, во функциите на племенски поглавици и нивните партиски фамилии.

Од друга страна, си реков:

Крајно време беше затоа што од македонскиот идентитет не остана речиси ништо: сето одлежано вино на нацијата веќе е преточено во дом перињоните на патриотската елита од бескрупулозни и многу прости типови.

Јас би рекол: Психопати копитари!

Што ќе признаваат тие што ќе посакаат да го признаат македонскиот идентитет?

„Нешто ќе те питам, бабо?“

„Очите да ми паралдисаат?“

„Вмро“

„Мис Стоун“

„Солунските атентатори“

„Бог да бие Австралија?“

Или Пруст што можеме да го добиеме со спојување на претседателот и претседателката.

Мислам, на духовно спојување на двете културни тела!

Идејата  за овие референци на антимакедонските патриоти од редот на комитите има смисла затоа што таа е обликувана од мислата за спрдачење со македонскиот идентитет преку барањето светот да го признае.

Референците се нова мочка врз акварелот на македонскиот идентитет.

Македонска секира врз македонската икона (Анте Поповски) тутната во рацете на европските парламентарци.

Нова Коминтерна!

Хахаха!

Автодиверзија врз сопственото постоење!

Утре можат да побараат резолуција за здравствената состојба на нацијата со предлог ЕП да го повика светот да признае дека Македонците не се луди!

Дека знаат да прават сирење и кисело млеко!

Понеже, бактеријата булгарис им е многу добро позната.

Извештајот со референците ќе биде истакнат елемент во Мууузејот на македонската борба против слободата.

Додека да го завршиме Музејот на македонската смрт од глупост во кој ќе влезе комплетната Штабквартира на вмро како главен експонат.

И за кој во последно време се кандидира и сдсм.

Тие се очигледно дел од националното единство кое е остварено на тезата дека модерниот развој го загрозил македонскиот карактер на државата, а родот го соочил со холокаустни перспективи. Тој епохален идиотизам, и како дијагноза, и како концепт, и како операционализација е формулиран од „мешовитата комисија“ составена од претставници на ману, на вмро, на сдсм, на мпц, на фактори од уким, од културата и безмалку од сите медиуми и од олигархијата.

Нема никакви дилеми дека нивната платформа за ремакедонизирање на Македонија ќе заврши во срамотна катастрофа. Кај вмро тоа е резултат на мисијата за растурање на Македонија како неприродна формација, а кај другите е резултат на опортунизмот и чистата глупост.

Не би можело да се каже дека сдсм е шин фејн за ира која тука дејствува под името вмро. Има големи разлики. Гери Адамс викал „не е убаво да се убие човек, но понекогаш тоа е неопходно“, а овие од сдсм викаат „не е убаво да се сакаме, но понекогаш мораме да имаме лидерски средби.“

Сдсм ги поддржа и лобираше за референците на Европскиот парламент. Сдсм го подржа Договорот за Стратегиското партнерство со Велика Британија иако во старт беше јасно дека нема никаков договор за никакво стратегиско партнерство и дека се е смрдлива пропаганда на вмро.

Сдсм ја прифати и ја разви дистанцата кон дуи како главен мотор на неформалното семакедонско единство за обнова на Македонија како национална држава на македонскиот народ.

Сдсм се дистанцираше и од себе, не само во врска со коруптивните работи на поединци туку, таков е впечатокот, и околу некои концепциски зафати за кои ние мислевме дека се врвни дострели на македонскиот модерен и единствено можен проект.

Сдсм прогласи дека не биле доволно блиски со народот, народот кој фолклорот на патриотизмот го сака повеќе од лебот, а калта на традицијата повеќе од асфалтот на модерноста.

Еве го финалето од една моја ланска колумна (30.05.2024) во која не ни сменил ниту една запирка:

Откако народот беше прогласен за врвен критериум не само во социјалата туку и во уметноста, културата, па дури и во науката (антиваксери, антиабортуси, хахаха), се тргна наопаку затоа што цивилизацијата остана без еманципаторската памет што ја влечеше напред.

Левицата.

Патажна работа од колосалниот пораз на сдсм е фактот дека тие мислат дека изборите ги загубиле затоа што не биле доволно блиски со народот и многу неубедливо ги мразеле Албанците.

Пораките се примени, велат од сдсм.

Да ти пукнат сите жили не само пичните.

Јас тврдам: да беа радикално еманципаторски и авангардно настроени, значи малку повеќе лево од центарот, да му ја кажеа на тој скапан народ вистината за лажната историја, за Гоце, Даме и Јане, за вмро-посебно, да му ја кажеа вистината за односот на силите во општеството кој налага најхармонична хармонија и меѓупочит со Албанците и кон Албанците затоа што без нивната воља и интерес нема Македонија и Македонци, односно да одеа контра стадото овци од трлото на вмро, да ги откриеја можностите на новата модерна конституција на Македонија, ќе загубеа, јасно, но денеска ќе беа пристојна опозиција со јасни изгледи да се вратат на власт. Сега се не само поразени туку има и елементи на идејно застранување како кај оние кои на времето завршуваа на Голи оток.

На пат кон никаде.

Нивниот однос кон вмро е плиток.

А односот на вмро кон Македонија е длабок.

Разорен.

Тука нема национално единство.

А ако има тогаш е тоа соучесништво во единствениот феномен на внатрешна дисолуција како радосен чин.

Текстот е сопственост на Фронтлајн.мк

Бранко Тричковски колумна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
shortcut
ФОКУС
June 29, 2026

Каракас: Мајка и нејзиното бебе старо 18 дена извлечени од урнатините

ВЕСТИ June 29, 2026

Мајка, која беше извлечена од урнатините на нејзиниот уништен дом со своето бебе старо…

Иранската револуционерна гарда ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на нападите на САД

June 28, 2026

САД започнаа нова воена операција против Иран

June 28, 2026

Родителите на загинатите во „Пулс“ со порака: Ќе се бориме до последен момент за вистината

June 28, 2026
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.