Во експлозија на автомобил бомба убиени најмалку осум деца, а 21 лице е рането утрово во близината на конзулатот на Индија во градот Џалалабад, во источен Авганистан.
Бомбаш самоубиец го активирал експлозивот во автомобил во близина на индискиот конзулат. Настраданите деца посетувале настава во џамијата во близина на конзулатот на Индија.
Агенциите потсетуваат дека нападот се случи откако САД објавија предупредување за патувања во странство на своите државјани, поради информации за зголемена закана од Ал Каеда.