Азербејџанските власти соопштија дека уапсиле четири лица поврзани со турскиот свештеник Фетула Ѓулен кого Турција го обвини дека стои зад обидот за државен удар.
Четирите неименувани лица се осомничени за злоупотреба на позициите додека работеле во компанија за мобилна телефонија. Тие се товарат дека давале приватни информации за корисниците и нивната телефонска историја, соопшти вчера азербејџанското обвинителство.
За време на рацијата во домот на еден од обвинетите, истражувачите откриле „верска литература, ЦД-а, брошури со говори на Фетулa Ѓулен и други документи”, јавува АФП.