Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Азески: Изборите завршија, враќање на редовните колосеци – веднаш и сега 

0
By Zoran Ivanov on May 13, 2024 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, May 13, 2024 10:37

Бранко Азески, претседател на СКСМ

  1.     Завршија двојните избори, седми по ред претседателски и единаесетти по ред парламентарни. Покрај честитките до победниците, посебни честитки за македонскиот народ кој покажа висока демократска зрелост и во голем број, без некои поголеми инциденти, потврди дека припаѓа на друштвото со европски вредности и јасно е определен да истрае на истите. Сѐ на сѐ, кога сѐ добро ќе се заврши не треба и многу да се коментира. Сега е сѐ јасно. Во наредните 10 години економијата како приоритет, градењето правна држава и систем на пазарни вредности како определена цел. Во сите случаи одговорноста и имплементацијата се најважните алатки во работењето на сите избрани личности, органи и тела. Тоа го бараше бизнисот. На тоа ќе истрае и јавно ќе критикува секоја појава која не е во согласност со овие постулати. Нашата држава е на сериозен испит, може или не може да опстои како модерен чинител на регионалната и европската сцена.
  2.     Бидејќи изборите завршија од утре почнуваме со темпото на работа од пред изборите. Првите неколку активности оваа недела ќе бидат посетата на компанијата „Бехтел и Енка“, средбата со врвното раководството на мултинационалната компанија „Костал“ од Германија, учеството на Самитот во Котор, каде ќе се состанат шесте претседатели на Влади и на Комори на земјите од Западен Балкан, а во петок во Комората ќе го примам раководството на „Македонија 2025“ кое одржува токму овие денови самит во Скопје. Ако на тоа ги надоврземе и редовните активности кои неделава се одвиваат во Комората со Советот на странски инвеститори и Центарот за циркуларна економија, јасно е дека време за чекање нема. Бизнисот бара враќање на редовните колосеци бидејќи приликите во регионот и во Европа се прилично неизвесни и проблематични.
  3.     За и ние да не шириме демагогија, на најавените настани мора да се појавиме со нови модерни и свежи идеи во согласност со условите и приликите. Така што посетата на „Бехтел и Енка“, водечката инвестиција кај нас во наредните години, треба да е поттик за сите вработени во Комората да ги посетат фирмите и да видат што се случува таму. Разговорите со врвното раководство на „Костал“ мора да бидат прецизни и јасни за нивните очекувања од нас, затоа што странските инвеститори се значаен чинител во Комората и нивните оценки се од суштинска важност за нас. Самитот во Котор, на кој ќе се разгледува планот за новиот економски раст на ЕУ, мора во јавноста да не истакне како луѓе кои не губат време по разно-разни собири, туку изнесуваат свои предлози произлезени од компаниите за поддршката што треба да ја добијат од државите. Не, „ќе се залагаме за“, туку предлагаме „тоа и тоа“, треба да биде промената со која ќе го направиме нашиот метод на работа сосема поинаков.

П.С Активностите ќе се интензивираат до летните одмори, да ја искористиме оваа шанса и да го надоместиме времето кое што го потроши долгата изборна кампања.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.