Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бабата на бебето што почина во Швајцарија заминала од Инфективна позитивна на Ковид

0
By Нова ТВ on June 2, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 2, 2020 19:10

Таа си заминала од Инфективна иако не е оздравена од Ковид и не сакала да го прими Решението за самоизолација па и било дадено со асистенција на МВР. Дознаваме дека само од завчерашниот ден има 80 непримени решенија за самоизолација на луѓе кои се позитивни или пак контактирале со заболени од Ковид-19

Бабата на десетмесечното бебе што почина во Швајцарија, ја напуштила Инфективна клиника на свое барање, таа е позитивна на Ковид и е на домашно лекување, потврди за НОВА, министерот за здравство Венко Филипче. Министерот изјави дека таа сакала да го прими и Решението за самоизолација, па морала да интервенира полицијата.

„Во однос на бабата на бебето кое на барање на родителите беше пратено во Швајцарија, на свое барање сакала да си оди од болница. Констатирано е од докторите дека може да замине на домашно лекување, има уште еден таков пацинет кој заминал дома во текот на викендот. На тој пациент веднаш му е дадено Решение за сомоизолација, а првата пациентка практично, не сакала да даде податоци. Најдена е со асистенција на МВР после еден ден и анкетата, прашалникот укажал дека немала контакти, според нејзиното кажување. Значи, во нејзина близина никој нема добиено дополнително решение за самоизолација, освен самата пациентка која што е сега на домашно лекување“, изјави министерот Филипче.

Според информациите до кои дојде НОВА, таа од клиниката си заминала во саботата, неизлекувана, а тестот кој и бил земен повторно се покажал позитиве. Но бабата не го ни чекала, се потпишала и си отишла дома. Нема информации со кого си заминала од клиниката, некој ја земал од таму.

Поради тоа што не одговарала на телефонските повици и никој не отворал на адресата каде што живее, била побарана асистенција од МВР, по што еден ден подоцна, во неделата и било доставено Решение за самоизолација. Во епидемилошката анкета не дала никакви податоци од луѓе со кои контактирала, а дали ќе ја почитува самоизолација треба да контролира полицијата.

Извори од клиниката посочуваат дека бабата во тие неколку дена престој плачела, викала, инсистирала по секоја цена да си оди дома што фактички било невозможно да ја задржат на лекување. Таа имала лесна клиничка слика.

Бабата на Инфективната клиника беше хоспитализирана во понеделникот попладне, а вечерта нејзиното внуче, дестмесечното бебе кое имаше швајцарско државјанство со специјален авион беше пренесено во Швајцарија каде што по два дена почина. Швајцарските здравствени власти на прес конференција информираа за прва смрт на дете со Ковид(заразено во странство) и укажаа дека починало од можни компликации од инфекција на коронавирус.

Инаку, со вакви и слични проблеми епидемиолозите се соочуваат секојдневно. Велат дека секој втор се однесува агресивно, се закануваат, не сакаат да ги примат Решенијата за самоизолација. Дознаваме дека само од завчерашниот ден има 80 непримени решенија за самоизолација на луѓе кои се позитивни или пак конатактирале со заболени од Ковид-19.

И министерот Филипче на прес конференција апелираше до надлежните институции да си го превземат својот дел од работата и да интервенираат заради тоа што епидемиолозите и ДСЗИ не можат сами да се справат во вакви случаи.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 29, 2026

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

ВЕСТИ July 29, 2026

Претседателот на Собранието при утврдување на дневниот ред на седницата не го предложи законот за…

Евростат: Северна Македонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во Европа

July 29, 2026

Стоп за законска перална за пари: Граѓанската платформа за борба против корупција реагира на Предлог-Законот за спроведување на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година“

July 29, 2026

Москва: Русија издаде меѓународна потерница за основачот на Телеграм Павел Дуров

July 29, 2026
ТИКЕР

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.