Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бабиш: Европските политичари мора да го одржат својот збор за Северна Македонија

0
By Нова ТВ on June 11, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 11, 2019 12:35

Скопје и Атина успеаја да најдат заеднички јазик, постигнаа компромис за спорот за името. Вие како држава го сторивте своето, одржавте референдум, го сменивте името, го сменивте Уставот, спроведовте реформи, а сега европските политичари кои ви ветија дека откако ќе го сторите тоа ќе бидат отворени преговорите со Европската Унија, мора да го одржат својот збор, порача денеска во Скопје чешкиот премиер Андреј Бабиш на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев.

Тој вети дека Чешка ќе стори се за земјава да добие датум за почеток на преговори.

-Сега е клучно време за Северна Македонија и се надевам дека за девет дена Европскиот совет навистина ќе го потврди отворањето на преговори на вашата земја со ЕУ. Европските политичари ви ветија дека ако ги исполните условите за тоа ќе добиете датум за преговори. Доколку европските политичари не го одржат својот збор тоа ќе дејствува демотовирачки за вашите граѓани и за целиот регион, нагласи Бабиш.

Посочи дека Северна Македонија ја има поддршката и од Вишеградската група, во која освен неговата земја членуваат и Словачка, Полска и Унгарија и најави дека наскоро В4 ќе има средба во Будимпешта на која меѓудругото ќе се разговара и за начините на кои може да се поттикне евроинтегративниот процес на земјава.

Бабиш напомена дека ако европските политичари не го исполнат ветувањето тоа може да има реперкусии и врз регионот и отворените прашања во него и додаде дека Северна Македонија не смее да биде жртва на други регионални прашања, нагласувајќи оти земјава го сработила своето и тоа треба да се вреднува од целата Унија.

Тој рече дека целиот регион на Западен Балкан е важен за Европа и најави дека откако Чешка ќе го преземе претседателството со В4 ќе организира средба со шесте земји од регионов, кои не се во Унијата.

Заев му изрази на Бабиш благодарност за поддршката на неговата земја ова лето да добиеме датум за преговори, нагласувајќи оти тоа е важно не само за Северна Македонија, туку и за регионот и Европа.

-ЕК во извештајот за напредокот на државата даде кристално чиста препорака за почеток на преговорите. Без скромност ќе ја споменам оценката дека нашата земја е блескав пример за регионот и за Европа. Сработивме сто отсто, ги исполнивме критериумите, заедно со нашите пријатели Република Бугарија и Република Грција ги надминавме стереотипите за решавање на чувствителни билатерални прашања, внесовме прогресивни примери за возможното. Договорот од Преспа е повеќе од решение на долгорочен спор меѓу две земји, тоа е модел за решавање на билатерален спор базиран на дијалог и взаемно разбирање, што е клучна европска вредност и затоа определувањето датум за почеток на преговори ова лето не значи само награда за нашата држава, туку и ја подразбира и принципиелноста на ЕУ, рече Заев.

Доделувањето на датум за Северна Македонија, рече Заев ќе значи не само почитување на индивидуалните заслуги, туку и продолжување напред кон европските вредности, а не враќање назад кон популизам и национализам.

-Тоа ќе ги охрабри и другите лидери во регионот да ги затворат отворените прашања, ќе овозможи фокус да ставиме на економијата, инвестициските перспективи, на шансите за младите и сето тоа ќе значи и почеток на една поширока стабилизација, на која со децении чекаат Европа и светот, рече Заев.

Изрази надеж дека наскоро и Чешка ќе го ратификува Протоколот за членство во НАТО и оти земјава ќе може на самитот во декември во Лондон да биде пречекана како 30. членка. Бабиш напомена дека Чешка наскоро ќе го стори тоа и додаде дека Парламентот ќе заседава во јули и оти тој ќе испрати лично допис до пратениците Протоколот да го стават на дневен ред, но не кажа конкретен датум кога тоа би се случило.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026
shortcut
ФОКУС
June 6, 2026

Кочани: 45-ти Марш за Ангелите: „За вистината да не остане без глас и правдата да не остане без крај“

ВЕСТИ June 6, 2026

За вистината да не остане без глас и правдата да не остане без крај –…

Прилеп: Отворено 60-тото издание на фестивалот „Војдан Чернодрински“

June 6, 2026

Радев: Македонија треба само да ги впише Бугарите во Устав / Мерц: Пропустите не се само кај кандидатите туку и во ЕУ

June 5, 2026

ЕУ реформа во најава: Француско – германски Нон пејпр за ЕУ етапна интеграција на државите од Западен Балкан

June 5, 2026
ТИКЕР

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.