Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бадникарски собир пред Соборен храм, нов кум – Методија Стефановски- Тоде

0
By Нова ТВ on January 6, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, January 6, 2014 16:29


По 22-ри пат, православните верници во Скопје, бадникуваа пред Соборниот храм. Свештениците ги осветија и поделија бадниковите гранчиња, нафората, чајот и ракијата.

Симболичното примопредавање на кумството го изврши поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан, кој традиционално се обрати и пред насобраните.

– Божик најдобро ќе го обележиме ако покажеме дека нашето срце е подготвено да го прими во себе и да биде и пештера и јасли за богомладенецот, ако покажеме дека Бадник ни е секој ден и дека Бог постојано се раѓа во нашите души, порача г.г. Стефан.

Во обраќањето пред собраните верници г.г.Стефан честитајќи им го празникот, го истакна значењето на Бадник како голем христијански празник, кој веќе 20 столетија ја содржи тајната на богораѓањето, празник од кој, вели, извира постојана радост, поради објавата на Христовото раѓање во Витлеем.

Новиот кум бадникар, Методија Стефановски – Тоде, кој е дел од манифестацијата од нејзиното основање, истакна дека кумството го прифаќа како голема чест, но и голема награда што еден скопјанец-христијанин може да ја доживее.

– Нема сопствена среќа ако другите се несреќни. Нема поголема радост ако е радост за сите. Бидете здрави, среќни и успешни. Радувајте се на животот и на нашите христијански празници и обичаи, рече Стефановски.

Стариот кум пак, бизнисменот Даниел Воиновски рече дека изминатата 2013 година била среќна за него на личен и професионален план.

Скопското бадникување пред Соборниот храм го започна и одржува Здружението на граѓани – Одбор за традиционална прослава на Бадник. Манифестацијата ја поддржува и градот Скопје.

Средбата заврши симболично со пајтон, на кој новиот кум-бадникар, заедно со ќупот и семејството замина од пред платото на Соборниот храм во музичка придружба.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
shortcut
ФОКУС
June 24, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

ВЕСТИ June 24, 2026

Соединетите Американски Држави ја продолжија националната вонредна состојба поврзана со Западен Балкан за уште една…

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

June 24, 2026

Британскиот премиер поднесе оставка и ја зачини со емотивен говор

June 22, 2026

Прва рунда преговори меѓу САД и Иран – напнато

June 22, 2026
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.