Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бајден и Макрон и во Овалната соба ќе бидат – пријатели со разлики 

0
By Соња Крамарска on December 1, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателите Џо Бајден и Емануел Макрон ја слават долгогодишната американско-француска врска – но тие се пријатели со разлики. Францускиот претседател ја користи својата посета на Вашингтон за остро да ги критикува аспектите на потпишаниот закон за климата од американскиот претседател, кои според францускиот претседател се лош договор за Европа.

Бајден вечерва ќе му оддаде почит на Макрон со првата државна вечера од неговото претседателствување. Но претходно, двајцата лидери ќе седнат во Овалната соба на утрински разговори за кои официјални лица од двете страни рекоа дека се очекува во голема мера да се фокусираат на напорите на лидерите да останат обединети во нивниот одговор на руската војна во Украина и да го координираат нивниот пристап кон сè повеќе наметливата Кина.

Но, пред денешниот состанокок, Макрон јасно стави до знаење дека тој и другите европски лидери и понатаму се длабоко загрижени за стимулациите во сеопфатниот нов закон поврзан со климата, кој ја фаворизира климатската технологија произведена во Америка, вклучително и електричните возила.

Макрон вчера го критикуваше законот, познат како Закон за намалување на инфлацијата, за време на ручекот со американските пратеници и повторно за време на говорот во француската амбасада. Францускиот претседател рече дека иако треба да се поздрават напорите на администрацијата на Бајден за спречување на климатските промени, субвенциите ќе бидат огромно назадување за европските компании.

„Изборите што беа направени … се избори што ќе го фрагментираат Западот“, рече Макрон во француската амбасада. Тој додаде дека легислативата „создава такви разлики меѓу Соединетите Американски Држави и Европа што сите оние кои работат во многу компании (во САД), тие само ќе помислат: „Ние повеќе не инвестираме од другата страна на Атлантикот“.

Одделно, на ручекот со членовите на Конгресот од двете партии, заедно со деловните лидери и дипломатите, Макрон рече дека големите индустриски нации треба да направат повеќе за справување со климатските промени и промовирање на биодиверзитетот.

Макрон вчера се состана со потпретседателката Камала Харис во седиштето на НАСА во Вашингтон при што двете страни ја истакнаа американско-француската соработка во вселената. Во јуни, Франција го потпиша Договорот Артемида, збир на принципи предводени од НАСА што се користат за управување со меѓународната цивилна употреба на вселената. Истиот месец, САД го исполнија ветувањето дека ќе се приклучат на опсерваторијата Space for Climate, предводена од Франција, која треба да ги моделира и следи климатските промени.

Макрон ги посети и гробиштата во Арлингтон. Тој и неговата сопруга Брижит подоцна имаа приватна вечера со Бајден и првата дама Џил Бајден во ресторан во населбата Џорџтаун во Вашингтон.

Покрај разговорот во Овалната соба со Бајден во четврток, Макрон ќе биде домаќин на Харис на ручек во Стејт департментот пред вечерната државна вечера за околу 350 гости, блескава гала што ќе се одржи во огромен шаторски павилјон изграден на јужниот тревник на Белата Куќа.

Добитникот на Греми, Џон Батист, е задолжен за забавата на вечерата.

Извор: Асошиетед Прес

 

Белата куќа Емануел Макрон Овална соба Џо Бајден
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.