– Проблемот е што во моментов нема пројавена политичка волја за решение на спорот со името од актуелната влада на поранешната југословенска Република Македонија, изјави поранешната шефица на грчката дипломатија Дора Бакојани.

Како што предесува Бгнес, Бакојани изјавила дека потребно е да се почека „да видиме дали изразената желба на земјата да стане членка на ЕУ и да ги прифати европските вредности, всушност е една од нејзините цели“.

-Влезот во европското семејство во овие околности само ќе донесе несогласување, како и историски неадекватни модели на однесување во најважните западноевропски организации, изјавила Бакојани.