Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бакрачески: Субрата Рој сепак ќе гради во Охрид

0
By Нова ТВ on April 24, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 24, 2013 23:26

Проектот за изградба на хотелско туристички комплекс во Љубаништа на Индискиот бизнисмен Субрата Рој ќе се реализира, најави охридскиот градоначалник, Никола Бакрачески за А1он.

Бакрачески изјавил дека минатата недела имал средба со преставници на индиската компанија “Сахаријан Македонија” на која се договарал поконкретно проектот.

-Индиските инвеститори се сериозни во нивните намери и тие не отстапуваат од нивната намера заеднички со Владата на Македонија и во оној дел каде има ингеренции локалната самоуправа да создадеме предуслови конечно да почне да се реализира таа замисла која ќе биде од фундаметално значење за развојот не само на Охрид туку и на цела Македонија, изјавил Бакрачески.

Пред две недели, на сослушувањето пред регулаторот СЕБИ во Мумбаи, Индија, милијардерот Субрата Рој изјавил дека неговиот имот достигнува едвај милион долари. Ова го јавуваат индиските медиуми, а написите ги пренесува “Утрински весник” во утрешното издание. На сослушувањето Рој изјавил дека тој и сопругата поседувале накит вреден околу 600.000 долари, депозити во вредност од 300.000 долари и 70.000 долари во кеш.

-Тоа е се што имам, рекол Субрата Рој по сослушувањето.

Сослушувањето доаѓа откако регулаторот СЕБИ го замрзна сиот имор на компанијата во сопственост на Рој, Сахара Груп, како и личниот имот на милијардерот и дел од директорите во компанијата. Претходно СЕБИ и наложи на компанијата да врати околу 4 милијарди долари на измамени граѓани. Долгот требаше да се врати на три рати, но имаше само една уплата.

Субрата Рој треба да инвестира и во Македонија, на брегот на охридското езеро каде со за околу стотина милиони долари е најавено дека ќе гради казина и хотели. Субрата Рој беше дочекан од целата македонска влада, а милијардерот дури најави дека ќе гради и споменик на Мајка Тереза во Скопје.

Кога се обелодени во јавноста дека Субрата Рој должи многу пари во Индија и дека неговиот имот е замрзнат, македонската влада уверуваше дека тие лично разговарале со Рој и тој им пренел дека инвестиција ќе има без разлика на случајот кој против него се води во Индија.

Вицепремиерот Зоран Ставревски изјави дека не е загрижен поради спорот во Индија и дека тоа било проблем на друга држава, а него, односно владата единствено ја интересирале потезите на Субрата Рој во земјава.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ле Монд: Париз формира специјален тим истражители за да ги испита врските на Епстин со француски граѓани

February 15, 2026

Пукање во американски кампус во Јужна Каролина – две лица убиени

February 13, 2026

Курти: Просечна плата во косово од 1.000 евра!

February 13, 2026

Министер во кабинетот на Трамп: Порано шмркав кокаин дури и од тоалетната школка

February 13, 2026

Сеул тврди дека Ким Јонг Ун ја назначил ќерка му за негова наследничка

February 12, 2026
ФОКУС
February 14, 2026

Минхен: САД и Европа се поврзани но партнерството мора да се прилагоди

ВЕСТИ February 14, 2026

Американскиот државен секретар Марко Рубио рече дека судбините на САД и Европа се „поврзани“, во…

Јотова: Северна Македонија лобира да го заобиколи првиот кластер но да не се лаже дека постои полесен пат до ЕУ

February 14, 2026

Кос: Во следното проширување на ЕУ нема да дозволиме да влезат „Тројански коњи“

February 14, 2026

Левица: Падна една недопирлива – победи јавниот притисок за Цвета Ристовска

February 13, 2026
ТИКЕР

Ле Монд: Париз формира специјален тим истражители за да ги испита врските на Епстин со француски граѓани

February 15, 2026

Пукање во американски кампус во Јужна Каролина – две лица убиени

February 13, 2026

Курти: Просечна плата во косово од 1.000 евра!

February 13, 2026

Министер во кабинетот на Трамп: Порано шмркав кокаин дури и од тоалетната школка

February 13, 2026

Сеул тврди дека Ким Јонг Ун ја назначил ќерка му за негова наследничка

February 12, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.