Најмалку 30 луѓе загинаа во пожарот што избувнал во Центар за рехабилитација на зависиници од дрога во главниот град на Азербејџан, Баку, објавија локалните медиуми.
На телевизиските снимки се гледаат огромни пламени јазици кои излегуваат од сите прозорци на еднокатната зграда.
Четири лица биле пренесени во болница, а пожарот е ставен под контрола, објави азербејџанската новинска агенција АПА.
Причината за пожарот засега не е позната.
На самото место пристигнал и азербејџанскиот претседател Илхам Алијев.