Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Балканот под сачот на корумпираниот систем

0
By Zoran Ivanov on March 27, 2025 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Спектакуларни апсења пред камери, прес конференции од премиерот и министерот на МВР, само не на директно надлежните лица од надлежните институции. Но, и невиден пи-ар на врвот на Владата во вид на припишување заслуги …

Дијана Тахири

Грција, Србија, Северна Македонија, во текот на месец март се соочија со граѓански протести со речиси идентични причини – загуба на човечки животи во несреќи поради системска неодговорност и корупција на државите во кои се протестира.

 

Србија

Во Србија, граѓаните веќе со месеци протестираат по падот на настрешница  на железничката станица во Нови Сад во ноември 2024 година, каде животот го загубија 16 лица.  Први со протестите започнаа опозициските партии и движења, на кои се бараа оставки на  премиерот на Србија, Милош Вучевиќ и на градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ.

По притисокот од граѓаните, оставка даде премиерот Милош Вучевиќ  и градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ.

Протестите ги продолжија студентите од Србија, со тримесечна блокада на повеќе од 60 факултети во четири државни универзитетски центри, и блокадата на патиштата, преку кои студентите бараат одговорност од властите за смртоносниот пад на настрешницата и разоткривањето на корупцијата на државно ниво и ефективното работење на институциите без политичко влијание.

Најголемиот собир се одржа на 15 март во Белград, на кој студенти и поддржувачи од цела Србија бараа одговорност за смртта на ( тогаш) 15 лица при уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад и поправедно и подобро општество без корупција и без политички притисок и влијание на институциите.

На 21 март почина и осумнаесетгодишно момче, шеснаесеттата жртва од падот на настрешницата во Нови Сад.

Грција

Во Грција, од 28 февруари граѓаните започнаа со масовни протести низ градовите на земјата, за да бараат правда за 57-те загинати  и над 100 повредени на истиот датум во 2023 година во железничката несреќа  каде два воза, патнички и товарен движејќи се по иста шина, но во спротивна насока директно се судрија кај месноста Темпи.

Годишнината од несреќата беше одбележана со 382 протести, од кои 262 во Грција и 120 во странство,  со генерален штрајк  на синдикатите  со целосно парализирање на земјата.

Според извештајот на 178 страници на Националната управа за истрага на авионски и железнички несреќи и безбедност на транспортот (ЕОДАСААМ), две години подоцна, експертите забележуваат низа пропусти и недостатоци во грчката железница; уништени податоци и докази на местото на несреќата; можно присуство на непознато гориво што ја создаде огнената топка по судирот на патничкиот и товарниот воз, но и дека за пет до седум загинати, причината за смртта е пожарот.

Северна Македонија

По националната трагедија во нашата земја, пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март, во која животот го изгубија 59 млади а околу 200 беа повредени, земјава се соочи со бран протести. Првите протести се одржаа во Кочани и Штип, ден по несреќата, на кои се бараше одговорност за пропустите во работата на соодветните институции.

По низа протести низ градовите, на 24 март се одржаа јавни собири во Тетово и во Скопје.

Под паролата „Системот е следен!“ на повик на иницијативата „Кој е следен?“, во вечерните часови  голем број граѓани се собраа на плоштадот Македонија во Скопје за да го искажат својот револт и да бараат правда и одговорност за трагедијата во Кочани.

Во 11:30 во Тетово се одржа јавен собир во организација на инцијативата „Нула“, на која граѓаните изразија револт поради голем број трагедии ( модуларната болница во Тетово, автобусот на Беса транс во Бугарија, Ласкарци)  и побараа одговорност.

Најавен беше и јавен собир на студентите на УКИМ, но сепак го одржаа зад затворени врати за медиумите и јавноста.

Протестите за барање одговорност за жртвите од Кочани, но и за сите други за кои се уште нема правна разврска, ќе продолжат и во следните денови, а веќе е закажан собир на 29 март.

Што прават политичарите додека од нив се бара одговорност?

Во Северна Македонија, по трагедијата во Кочани властите ја започнаа истрагата за одговорноста на институциите и поединци врзани со причините на пожарот во кој животот го загубија 59 млади лица, околу 200 се повредени, а стотици луѓе останаа без своите најмили, а да не зборуваме за тоа дека со овие животи, се изгаснаа идни генерации.

Спектакуларни апсења пред камери, прес конференции од премиерот и министерот на МВР, само не на директно надлежните лица од надлежните институции. Но, и невиден пи-ар на врвот на Владата во вид на припишување заслуги …

Во Србија, додека земјата е на нозе и преплавена од протести и барања за промена, односно паѓање на актуелната власт,  претседателството, меѓу другото,  реши да формира Национално движење за народот и државата во кое ќе ги обедини патриотите за напредок на Србија.

Во Грција, опозицијата побара да се изгласа недоверба на актуелната влада, но не успеа, пратениците и изгласаа доверба.

Заеднички именител на граѓанските протести на Балканот е системската корупција, а во моментов се чини дека најсилниот граѓански глас доаѓа од Србија.

Текстот е сопственост на ЦивиМедиа.мк

балкан Корупција политика
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.