Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Балканските агресивни методи на Валериј Симеонов го шокираа Брисел

0
By Светлана Јовановска on February 12, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, February 12, 2018 11:18

Европската пратеничка Ска Келер да се прогласи за персона нон грата на бугарска територија- ова е барањето на Валериј Симеонов, потпредседател на бугарската влада задолжен за економија и демографска политика и претседател на националистичката екстремна партија Национален фронт за спас на Бугарија (НФСБ).

Преку агресивно, навредливо па дури и вулгарно соопштение во балкански стил, Симеонов ја напаѓа германската пратеничка Ска Келер од групата на “Зелените” во Европскиот парламент и ја нарекува “зелен џихадист”.

И бара од бугарската влада веднаш да прати писмо до Европскиот парламент, до германската влада и до лидерите на Зелената европска партија поради “неприфатливо мешање во внатрешните работи на суверена Бугарија”.

Потоа следи навредливиот дел во кој Симеонов бара Келер да биде исфрлена од Бугарија и тоа кон турската граница:

“Министерот за надворешни работи мора да ја прогласи Ска Келер да персона нон грата и таа треба да биде исфрлена со камион кон Капикуле. Ние мислиме дека цената на авионскиот билет е не е заслужена во овој случај. Ако е потребно, НФЦБ со задоволство ќе и овозможи бесплатен превоз”.

Причината за агресивноста на Симеонов е учеството на Келер во протестот што се одржа на 8 февруари во Бугарија на кој учесниците бараа да се прекине со плановите за изградба на скијачки центар во Националниот парк Пирин.

Бугарските медиуми пишуваа дека сомневањата на Европскиот парламент за корупција во Бугарија ја доведоа германската пратеничка од “Зелените” Ска Келер која изјави дека намерата да се гради во Пирин  будат сомнеж дека недостасува транспарентност во тендерите и јасни правила за сите.

Нејзината посета се должи и на извештајот за корупција во Бугарија. Според Келер, периодот во кој Бугарија претседава Советот на ЕУ е добар да се покаже вистинска борба против корупцијата во земјата.

Локацијата на Паркот Пирин што се наоѓа под заштита на европската програма Натура 2000 и под заштита на УНЕСКО уште од 1983 година. Но во 2010 година УНЕСКО одлучи да ги исклучи од својата заштита деловите на паркот што се наоѓаат над Банско и Добриниште бидејќи заклучи дека на овие локации имаат непоправливи штети поради урбанизацијата и развојот на скијачкиот центар.

Бугарските еколошки организации повеќе пати протестираа во последните години поради овој план за изградба на скијачки центар на Пирин.

Бугарската влада млако реагираше велејќи дека “ставот на НФСБ кон пратеничката Ска Келер не е став на бугарската влада. Владата на Република Бугарија е секогаш отворена на критики и го почитува правото на слободно изразување на личните ставови а слободата на изразувањето е запишана и гарантирана во Уставот”.

Според Даниел Кадик од фондацијата Фридрих Еберт:

“Познати ксенофоби, националисти и протекционисти ќе претседаваат со различни совети. На пример, таков е случајот со вицепремиерот Валери Симеонов, кој не ја крие својата омраза кон малцинствата, и Ромите јавно ги нарекува ‘диви мајмуни'”, пишуваше Дојче Веле на 1 јануари 2018 година кога Бугарија го презеде европското претседателство. Испад за кој Симеонов беше осуден во Бугарија.

Во текстот се цитира изјавата на екс претседателот на Европскиот парламент Ханс-Герт Петеринг кој се надева дека премиерот Борисов ќе може да го дисциплинира коалициониот партнер “за да може да продолжи со својот проевропски курс”.

Засега нема реакција од европските власти во Брисел на овој непристоен испад на Симеонов, виден член на бугарското претседателство со ЕУ.

Според францускиот новинар Никола Гро-Верхејде, испадот на Симеонов е, е метод на диктатура:

“Можеме да разговараме за политички ставови, да ги побиваме, да аргументираме. Но да се бара исфрлање на личност, поради нејзините ставови кои соодветствуваат на нејзината функција на европска пратеничка, е диктаторски а не демократски метод”, вели тој во неговиот влијателен блог.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.