Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Барак Обама: САД се соочуваат со криза каква што никогаш порано не сме виделе

0
By Zoran Ivanov on September 17, 2025 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Поранешниот американски претседател Барак Обама издаде предупредување за „политичка криза каква што никогаш порано не сме виделе“ по неодамнешното убиство на конзервативниот активист Чарли Кирк. Зборувајќи вчера во Пенсилванија, Обама рече дека иако не го познава Кирк и не се согласува со многу од неговите ставови, убиството го смета за „ужасно и трагично“, објавува Би-Би-Си.
Пред апсењето на Робинсон, клучните сојузници на Доналд Трамп ги обвинија левичарските активисти и реториката на демократските политичари и нивните поддржувачи за убиството. Генералниот обвинител Пам Бонди најави остри мерки против „говорот на омраза“, иако во САД не постои конкретен закон за ова.
Во својот говор во Ери, Пенсилванија, Обама нагласи дека во моменти на голема тензија, „дел од работата на претседателот е да ги зближи луѓето“ и ги повика Американците да го „почитуваат правото на другите луѓе да кажуваат работи со кои длабоко не се согласуваме“.

Тој ја пофали реакцијата на гувернерот на Јута, Спенсер Кокс, конзервативен републиканец, кој, рече Обама, покажа „дека е можно да се несогласуваш, а сепак да се придржуваш до основниот кодекс на јавна дебата“.

Обама го поддржа и одговорот на гувернерот на Пенсилванија, Џош Шапиро, демократ, чија резиденција беше нападната со молотови коктели претходно оваа година и уште рече дека нападите од 11-ти септември 2001 година, претседателот Џорџ В. Буш „направил експлицитен напор да каже: „Ние не сме во војна против исламот“.

И така, кога ги слушам не само нашиот сегашен претседател, туку и неговите помошници, кои имаат историја на нарекување на политичките противници „штетници“, непријатели што треба да бидат „таргетирани“, тоа зборува за поширок проблем што го имаме токму сега, рече Обама.

криза невидена Обама САД
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
ФОКУС

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

ВЕСТИ November 4, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Михалис Рокас, кој…

ЕУ: Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија постигнаа значителен напредок кон членство во ЕУ

November 4, 2025

Политико: Македонскиот пат кон ЕУ останува попречен од историскиот и јазичниот спор со Бугарија 

November 4, 2025

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

November 3, 2025
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.