Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бавната правда е морален пропуст …

0
By Zoran Ivanov on May 5, 2026 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, May 5, 2026 15:27

Бавната правда не е неутрална. Се прашувам дали станува форма на неправда сама по себе? Таа не е само административен ритам. Таа е морален избор , но за жал избор да се одложи одговорноста, да се разреди тежината на настанот и да се остави времето да ја изеде јасноста.

Бенита Белешкова

Болката на родителите што ги изгубија своите деца, меѓу кои и малолетни, не се вклопува во јазикот на секојдневието. Тоа не е тага што поминува, туку тежест што останува. Во нивниот свет, времето не се дели на „пред“ и „после“, туку на моментот кога животот престанал да има ист ритам и смисол.

Таквата внатрешна состојба можеби најблиску ја допира Врисокот на Едвард Мунк, но не како приказ на конкретен настан, туку како крик што не може да се задржи во човекот. Кај ваквите трагедии, болката не е само надворешна, туку тивка, постојана и длабоко внатрешна. Но уште поточно ја доловува една срцепарателно убава скулптура која се нарекува Меланхолија (Melancolie). Создадена е од Алберт Ѓерѓ/Albert György (кој живее во Швајцарија, но роден во Романија) посветена на родител што оплакува дете и може да се најде во Женева во мал парк на шеталиштето (Quai du Mont Blanc), покрај брегот на Женевското езеро.Таква скулптура треба да се постави и во Кочани!

Кај сите родители во Кочани со кои длабоко сочувствувам сè што следи е живеење со празнина што не се пополнува, со тишина што станува погласна од зборовите, и со секојдневие во кое најобичните нешта како звук од врата, телефон, чекор, носат потсетник дека нешто суштинско е неповратно прекинато. Тоа е болка што не бара објаснување, ниту утеха, туку само признавање дека е преголема за да биде сведена на реченица.

Помина повеќе од една година, а кривичната постапка сè уште трае без јасен исход. Во меѓувреме, трагедијата одамна престана да биде „настан“ и стана состојба ,ужасна состојба во која семејствата живеат со загуба, преживеаните со последиците, а системот со својата вообичаена бавност, како ништо суштинско да не е нарушено.

Прво трагедијата ги крши луѓето, а потоа институциите ги учат како да чекаат.

Во таква реалност, бавната правда не е неутрална. Се прашувам дали станува форма на неправда сама по себе? Таа не е само административен ритам. Таа е морален избор , но за жал избор да се одложи одговорноста, да се разреди тежината на настанот и да се остави времето да ја изеде јасноста.

Одамна е забележано дека трагедијата не завршува со самиот настан, туку продолжува во начинот на кој општеството се справува со неа. Кога таа реакција е бавна и без јасен крај, болката престанува да биде исклучок и станува правило на живеење.

Секоја постапка што трае бесконечно ја менува и самата вистина: од живо морално прашање, во архивски предмет. А во архивите, страдањето лесно станува статистика.

Затоа бавната правда не е само слабост на системот. Таа е морален пропуст.

Бидејќи правдата што доцни, престанува да биде правда за оние што ја чекаат, туку станува само процедура за оние што ја спроведуваат. Во таа смисла, правната фраза „justice delayed is justice denied“ не е апсолутен закон, но е добар етички сигнал: оти , доцнењето може да ја испразни правдата од нејзината човечка функција.

Не постои начин „да се компензира“ загуба на млади животи или трајни телесни и психички повреди во целосна смисла. Секоја формула што би се обидела да го изедначи тоа со пари, зборови или формални одлуки на крај звучи празно пред реалноста на болката.

Но во правна и морална смисла, општествата што се соочиле со слични трагедии сепак се обидуваат да направат нешто што се нарекува достоинствена сатисфакција, и таа има неколку слоеви:

  1. Вистина и целосна одговорност

Најосновната „компензација“ е целосно утврдување што точно се случило и кој е одговорен но без разводнување, без одложување и без симболични жртвени фигури. За семејствата, ова е често поважно од било каква финансиска надокнада.

  1. Правда што не е само формална

Казните мора да бидат реални, пропорционални и насочени кон сите нивоа на одговорност а не само кон директните извршители, туку и кон системските пропусти. Во спротивно, болката се доживува како игнорирана, а не признаена.

  1. Долгорочна грижа за преживеаните

Околу 196 преживеани со изгореници, трауми и можни трајни последици не се „завршен случај“. Компензирањето тука значи: доживотна медицинска нега, психолошка поддршка, рехабилитација, социјална и работна интеграција и тоа не како милост, туку како обврска.

  1. Признавање на достоинството на жртвите

Општеството мора јавно и институционално да признае дека не станува збор за „несреќа што се случила“, туку за настан со системски пропусти и човечки последици. Тоа е морална форма на правда.

  1. Промена што спречува повторување

Најреалната „компензација“ е гаранција дека истото нема да се повтори: стандарди, контроли, санкции и култура на одговорност. Без тоа, секоја друга мерка е само обид да се затвори рана што останува отворена.

Ова е мој став, можеби некои поинаку гледаат или не сакаат да гледаат на проблемите но човечкиот живот не може да се „надомести“, затоа што има апсолутна вредност и не е заменлив со ништо друго.

А тогаш прашањето не е само што им должи државата на жртвите, туку какво општество станува ако не може да се соочи со сопствената одговорност.

Затоа, вистинската „компензација“ никогаш не е една мерка. Таа е комбинација од правда, грижа, признавање и промена , кое нешто сепак останува недоволно, но неопходно.

Од Фејсбук ѕидот на авторката

 

бенита белешкова колумна ФБ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.