Published: Friday, June 5, 2015 11:49
Според неколку организации за човекови права, Македонија е едно од “најлошите места за мигрантите во Европа“, објавува BBC.
Хуманитарната организација “Доктори без граници“ вели најмалку 300 луѓе патуваат од Грција во Македонија секој ден за конечно да стигнат во Европа, но штом ја поминат границата, тие се изложени на полициска бруталност, или ризикуваат да бидат киднапирани од криминални банди.
Владата на земјата признава дека “се мачи“ околу тоа како да се справи со мигрантите.




