Избирачкиот список е „жива материја“ кој во континуитет треба да се разгледува и не случајно имаме Работна група во состав на ДИК каде се делегирани претставници од сите надлежни институции кои имаат надлежност за Избирачкиот список, ијзваи денеска министерот за правда Блерим Беџети.
– Убеден сум дека по Избирачкиот список се постапува како што се постапуваше и пред локалните избори, кога немаше посуштински забелешки. Тогаш сите релевантни субјекти во државата ја поздравија работата на Работната група и на крајот имавме прочистен Избирачки список. Се разбира и сега се постапува така, ја пренесува МИА изјавата на Беџети.
На новинарско прашање за случајот со новинарот Кежаровски министерот Беџети одговори дека веќе се изјаснил за овој случај.
– Да не се впуштаме во внатрешноста на предметот и да не се влијае од никаков аспект како и за сите други предмети, додаде Беџети.




