Македонија ги презема сите постапки за екстрадицијата на првообвинетите во случајот „Смиљковско езеро“, Африм Исмаиловиќ и Алил Демири, изјави на прес конференција, министерот за правда Блерим Беџети.
„Ние сме во комуникација со косовското Министерство за правда. Се уште не сме официјално известени, но по сознанијата што ги имаме факт е дека таму има сторено кривично дело од страна на обвинетите и дека од правна гледна точка треба да заврши постапката во Приштина. Потоа ќе добиеме и одговор за екстрадиција“, изјави министерот, додавајќи да не се прејудицира во однос на екстрадицијата.
НОВА вчера објави дека двојното косовско-македонско државјанство на осомничените може да ја одложи, па дури и да ја стопира нивната екстрадиција од Косово во Македонија.
Екстрадицијата на двајца осомничени од Косово во Македонија е запрена поради правни пречки меѓу косовските и македонските власти, јави setimes.