Поранешниот шеф на петтата управа при МВР Горан Грујовски којшто во моментов е во бегство, поседувал и втор идентитет – Владимир Варелов. Ова вечерва го објави телевизијата ТВ21 којашто се повика на извори во Министерството за внатрешни работи.
Грујовски веќе два месеца се бара со меѓународна потерница по известување на Интерпол. Тој е обвинет во предметите на СЈО „Таргет„ и „Тврдина“.
Заедно со Грујовски, во беггство е и Никола Бошковски, исто така обвинет во истите случаи.