Published: Thursday, June 4, 2020 21:29
Неколку часа пред почетокот на долгиот карантин, колони возила чекаа на излезите до Скопје, јавува Телма. Најмногу гужва забележале камерите на државното претпријатие на патарината кај Глумово, од Скопје кон Тетово, а долги колони имаше и на велешки Сопот, од Скопје до Велес.
За разлика од изминатите години кога за продолжените викенди најголемата гужва беше на граничните премини, денеска таму е пусто и има само камиони за транспорт на стоки. Скопје е во 80-часовен целосен карантин заедно со Куманово, Штип, и други ризични општини.
Во останатите делови од земјава, во наредните три денови, полицискиот час ќе започнува од 16 часот и ќе трае до 5 часот наутро.




