Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бејли за изборите: Членството во ЕУ и НАТО е обединувачки фактор

0
By Нова ТВ on December 12, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, December 12, 2016 17:25

Амбасадата на САД ја дели оценката на ОБСЕ/ОДИХР дека се одржале генерално добри избори со некои процедурални нерегуларности, изјави денеска амбасадорот на САД во Македонија Џес Бејли во врска во вчерашните предвремени парламентарни избори.

– Излезноста беше добра, а изборите беа спроведени мирно со неколку процедурални нерегуларности. Ја изразуваме загриженоста на мониторинг тимот на Американската амбасада за административната подготовка на изборите и ја повикуваме идната влада да продолжи да работи на градење на капацитетите на ДИК и да ги разреши структурните и правните прашања кои се однесуваат на Избирачкиот список, изјави Бејли.

Ова, според него е прв чекор кон излез од кризата, а ги охрабри партии кои ќе ја формираат новата влада да работат конструктивно со опозицијата со цел да се обезбедат реформите важни во евроатлантското интегрирање, особено оние од областа на владеењето на правото.

-Она што го покажаа овие избори е дека за граѓаните во Македонија е важно да се приклучат кон ЕУ и НАТО и тоа е обединувачки фактор и тоа ние овде во Амбасадата и во САД ќе го поддржиме, рече Бејли.

На новинарско прашање Бејли истакна дека ќе се воздржат од коментирање на резултатот од изборите бидејќи очекуваат прво ДИК да излезе со прелиминарните резултати за изборите.

Запрашан  дали е можно врз резултатот од изборите да влијаат нерегуларностите утврдени од ОБСЕ ако се има предвид дека разликата меѓу двете партии е 15.000 гласа, а бројот на поништени гласачки ливчиња е околу 30.000, американскиот амбасадор изјави дека по завршувањето на гласањето согласно Изборниот законик почнува процес во кој политичките партии можат да покренат прашања за процедурални забелешки.

– Овој процес започнува откако ќе бидат објавени прелиминарните резултати од изборите. Затоа е важно да се дозволи да почне тој процес како што е наведено и во Изборниот законик, а кој исто така е дел од администрирањето на самите избори. Затоа не можам да шпекулирам за резултатот од изборите, рече американскиот амбасадор Бејли.

 

Бејли ИЗБОРИ2016
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.