Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Беким Максути од Берово: Пожарот е ставен под контрола

0
By Соња Крамарска on July 22, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Додека директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Беким Максути ја даваше изјавата на местото на пожарот, над глава му пролета ер-тракторот
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 22, 2022 12:47

„Пожарот е веќе ставен под контрола, верувам дека денес или најдоцна утре ќе биде изгасен. Дури и да има чад, пожарот е веќе ставен под контрола, горат само грмушки но без дополнителна согорлива материја која може да предизвика поголем пожар“, изјави од местото на пожарот во беровско, директорот на Агенцијата за заштита и спасување Беким Максути.

„Можам да ја нагласам брзата реакција но и соработката што ја имаме меѓу институциите пред се Центарот за управување со кризи, и со локалната самоуправа, но и со доброволните друштва за кои што сакам навистина да упатам благодарност до сите тие кои што се денес тука со нас“, рече Максути.

За денес како што информира тој, била закажана вежба за гасење пожар на ДЗС, ЦУК и МВР во која требало да учествува хеликоптерската единица на полицијата, но синоќа со министерот одлучиле дека е подобро вежбата да се замени со вистинско гаснење на пожарот во Малешевијата.

„По согледување и проценка на сите чинители синоќа, заедно со директорот на ЦУК и со министерот за внатрешни работи  Оливер Спасовски одлучивме наместо вежбата да ги насочиме сите сили и средства што ги имаме за гасење на овој пожар. И како што можете да видите прилично сме во ред, пожарот е ставен под контрола, во неколку наврати авионот дејствуваше а тоа го прави и во моментов се до целосно гаснење на овој пожар“, рече Максути.

Тој посочи дека шумските пожари се најчесто подметнати или предизвикани од невнимание и упати апел за поголема внимателност на граѓаните. „Апелирам до сите граѓани да бидат повнимателни и да пријават кога ќе видат нешто сомнително или пак да интервенираат и да се вклучуваат во доброволното гаснење на пожарите заедно со професионалците“, изјави директорот. (Р.Н.)

 

Беким Максути пожар во беровско
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА | Ива Михаилова ја премина границата – каде е границата на законитоста?

October 13, 2026

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА | Ива Михаилова ја премина границата – каде е границата на законитоста?

October 13, 2026

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.