Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бектеши: Доколку има нови рестриктивни мерки, ќе има дополнителна поддршка за најпогодените дејности

0
By Нова ТВ on March 18, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Доколку со нови рестритивни мерки има скратување на работата на некои дејности, тогаш сигурно дека ќе има дополнителна поддршка за нив. На овој начин постапувавме и во изминатиот период и така ќе продолжиме. Туристичко-угостителскиот сектор кој што е најпогоден од пандемијата доби и најголема поддршка преку владините мерки, кажа министерот за економија Крешник Бектеши во интервју за „Економски магазин“ на Алсат телевизија и најави дека наскоро ќе биде објавен огласот за ваучери за поддршка на домашниот туризам.

„Ќе продолжи да се реализира мерката што се однесува до ваучерите за стимулирање на домашниот туризам имајќи предвид дека состојбата е непредвидлива што се однесува до туристичката сезона и повлекувањето на странските туристи. Јавните повици за оваа мерка се подготвени и ќе се објават некаде кон почетокот на месец април, но тоа нема да биде единствената помош за туристичкиот сектор. Значи, се реализира целата програма за развој на туризмот во рамките на секторот за туризам во Министерството за економија. Доколку се случи и оваа летна сезона да биде изгубена поради пандемијата, токму за овој сектор ќе има и дополнителна помош“ кажа министерот Бектеши во интервјуто за Економски магазин.

Министерот во интервјуто потенцираше дека во интерес на граѓаните и стопанството е што побрзо во Собранието да се донесат Законите кои произлегуваат од Петтиот сет мерки кои што подолго време се блокирани од опозицијата.

„Би било добро да не се блокираат законите кои се во интерес на граѓаните, на вработените во приватниот сектор, но истовремено и на компаниите ако се земе предвид дека и минатата година ние ја завршивме со економски пад од 4,5 отсто, што беше речиси идентично со проекциите на Владата, а сите податоци и за месец јануари и за месец февруари покажуваат дека се зголемени и приходите и во рамките на буџетот, но и економската активност е врз основа на предвидувањата. Јас би сакал да направам уште еднаш повик, токму заедно да ги усвоиме законите кои се во интерес на граѓаните“ повика Бектеши. Министерот потенцираше дека усвоениоте мерки се таргетирани и во консултација со сите комори и синдикати како приоритетна поддршка за време на овој период.
Во врска со барањето на угостителите за давање дозвола да се отворат рестораните за свадби со посебни протоколи, министерот уште еднаш потенцираше дека во овој период е најважно здравјето на граѓаните и дека Владата постапува по препраките на Комисијата за заразни болести.

„Минатата година речиси сите ресторани кои организираат свадби беа директно поддржни од Министерството за економија со посебни грантови со тоа што се едни од секторите кои со одлука на Владата и по предлог на Комисијата беа сосема затворени. Јас би сакал да ги повикам и истовремено да ги замолам за трпение, имајќи предвид дека приоритет над приоритетите за сите граѓани, за Владата, но истовремено и за економските субјекти и за соппствениците и менаџерите на свадбите, сигурно е здравјето на граѓаните. Не би било добро чувството да се прошират кластери во рамките на организирање на разни забави во моментот во кој зборуваме“ кажа Бектеши во интервјуто.

Според Бектеши и покрај кризата предизвикана од пандемијата, податоците покажуваат стабилизација на економијата. Буџетот е ликвиден, растат буџетските приходи, расте трговската размена, а очекувањата се дека ќе продолжи овој тренд и во текот на целата година.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

ВЕСТИ November 11, 2025

На само четири дена пред почетокот на судскиот процес, родителите на младите кои трагично ги…

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.