Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бектеши ја потпишал одлуката за раскинување на договорот за Иловица

0
By Нова ТВ on October 2, 2019 КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Веќе е потпишана предлог-одлуката за едностран раскин на договорот со  Еуромакс рисoрсис за рудникот „Иловица“ и за неа ќе следи владина процедура, информира денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Според него, решението на Второстепената комисија за одбивање на барањето за издавање дозвола за експлоатација на бакар и злато на локалитетот Иловица во општините Босилово и Ново Село на Еуромакс рисoрсис е конечна.  Министерството за економија постапило по ова решение и донело Одлука за едностран раскин на договорот, којашто ќеја достават до Владата.

– Одлуката на Второстепената комисија е конечна. Како Министерство за економија сме постапиле по таа одлука. Јас бев на службено патување, вчера се вратив на работа. Веќе е потпишана предлог-одлуката за едностран раскин на договорот со Иловица и сега ќе оди низ владини процедури, преку Генерален секретаријат, преку соодветните комисии и потоа на седница на Влада, каде треба да се расправа и да се донесе соодветна одлука, изјави Бектеши, одговарајќи на новинарско прашање.

Тој дополни дека многу внимателно ги следеле сите процедури и ги донеле сите претходни одлуки  со цел, како што рече, да не ја ставиме државата во незгодна ситуација, каде би можела да изгуби на арбитражен суд.

– Ние ги имаме нашите аргументи, другата страна секако има свои аргументи. Ако мислат дека би требало да одиме на некаков меѓународен суд, ние сме подготвени како држава и како Влада за да ги браниме нашите ставови, рече Бектеши, посочувајќи дека  Владата не носи емотивни туку одлуки во рамки на сите процедури и во рамки на Законот за минерални суровини поради што и малку се одолговлекла одлуката.

Од Министерството за економија велат дека до овој момент не е пристигната каква било тужба од правниот субјект.

Компанијата „Еуромакс Рисорсис“ вчера на веб страницата најави дека ќе се жали на суд на одлуката на владината комисија.

-Според известието добиено од владината Комисија, нашата компанија има право на жалба пред административен суд во Северна Македонија во рок од 30 дена. Бидејќи сметаме дека имаме силен правен основ, компанијата намерава да вложи жалба, се вели во соопштението од канадската компанија, при што се напоменува дека, доколку сметаат дека е неопходно ќе применат и други правни инструменти, вклучувајќи ја тука и меѓународната арбитража.

Во соопштението од „Еуромакс Рисорсис“, исто така, се наведува дека одлуката на Владата и на второстепената владина комисија ја засега само едната од двете концесии за рудникот Иловица, концесијата број 6, додека пак компанијата сè уште ја има концесијата под реден број 11. Втората концесија, која исто така се наоѓа на просторот каде што требаше да се отвори рудникот Иловица е всушност просторот каде требаше да биде изградено хидројаловиштето.

Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен пред два дена ја потврди одлуката на Министерството за економија и го одби барањето на Еуромакс Ресурси за дозвола за експлоатација на руда во рудникот во Иловица – Штука.

„Еуромакс“ се жалеше на одлуката на Владата за одземање на концесијата затоа што компанијата не ги доставила сите потребни документи кои се бараат согласно Законот за минерални суровини за добивање на дозвола за експлоатација.

Невладини организации и жители на Струмица, Босилово и Ново Село со месеци организираа протести против отворање на рудникот. Наспротив нив од компанијата уверуваа дека при ископувањето на руда ќе се користат сите модерни технологии за заштита на животната средина.

Владата на седницата на 4 јули донесе одлука да се одзeме концесијата на „Еуромакс“ за рудникот Иловица. Во информацијата која ја доставило Министерството за економија пишува дека компанијата не ги доставила сите потребни документи кои се бараат согалсно Законот за минерални суровини за добивање на дозвола за експлоатација. Поради ова „се одбива барањето за издавање на концесија за експлоатација на минерална суровина бакар и злато на локалитетот „Иловица“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.