Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бектеши: Компаниите не се оштетени со замрзнувањето на цената на лебот

0
By Ана Василевска on February 28, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Не им се ускратува ништо од калкулациите на компаниите, само дополнителниот профит што некои од нив, не повеќе од десетина, сакаат да го прават согласно утврдените планови, рече денеска министерот за економија Крешник Бектеши, одговорајќи на новинарско прашање во врска со донесената владина одлука да се замрзне цената на белиот и полубелиот леб на 33 денари.

Според него, моменталната цена на брашното е 26 – 28 денари по килограм што е соодветно за цената на белиот и полубелиот леб до 450 грама да биде максимум 32 денара.

„Сметаме дека тоа е соодветна цена и може да го прашате секој производител на леб дали со таа цена на брашното и актуелните трошоци 450 грама леб треба да е поскап од 32 денара, вклучувајќи шест денари профит што останува кај пекарите. Значи, 32 денара со шест денара профитна маржа од страна на пекарите, пет отсто маржа од трговците или во малопродажба и пет отсто ДДВ“, истакна министерот.

Тој повтори дека замрзнувањето на цената на лебот е времена мерка за да нема злоупотреба на поддршката што ја добиваат компаниите од државата. Тоа, како што напомена Бектеши, се пари на граѓаните.

На прашањето дали треба земјава да ги следи примерите во другите држави во однос на лебот, Бектеши е дециден дека ние имаме свои институции и носиме сопствени политики врз основа на ситуацијата во нашата економија.

„Не треба да следиме примери од други држави како Албанија, Србија и други. Имаме наши институции кои работат секојдневно и изготвуваат извештаи. Ние како држава носиме наши политики согласно ситуацијата во нашата економија. Ако Србија ги субвенционира компаниите во делот на брашното, ние ги субвенционираме во делот на струјата, ако друга држава ги субвенционира во делот на квасецот, ние можеме да донесеме друга мерка. Целта е да се намалат крајните цени за граѓаните и тоа ние ќе го постигнеме со Владата на Ковачевски, подвлече министерот и уште еднаш ги повика стопанските комори на средба и изнаоѓање заедничко решение. Да седнеме, да разговараме да ги соочиме аргументие, јавно да ги кажеме сите трошоци. Нека кажат што добиле од државата и да излеземе со најдобротое решение“, рече Бектеши

Крешник Бектеши пекари и бурекџии цена на лебот
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.