Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бектеши: На трговците со овошје и зеленчук македонскиот пазар да не им биде резервен за снабдување (ДПЛ)

0
By Blerina Tahiri on September 27, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Фото: МИА/архива
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонскиот пазар да не им биде резервен на трговците со овошје и зеленчук во снабдувањето со овие производи, порача денеска министерот за економија Крешник Бектеши, предупредувајќи дека ќе предложи целосно укинување на увозните давачки за земјоделските производи  доколку продолжи дополнително да се зголемува извозот, наместо  да се пласира на домашниот пазар.

Бектеши при денешната посета на компанијата „Горска“ изјави дека од јули до денеска се забележува многу голем извоз на одредени земјоделски производи и порача дека Владата нема намера да субвенционира производи за други држави.

-Гледајќи ги податоците, и официјални и неофицијални, кои ги добиваме од различни извори се забележува дека има најголемо зголемување на цените во делот на овошјето и зеленчукот. Тука земјоделците ја завршуваат целосно нивната работа, а за трговците, и тие кои го покриваат нашиот пазар и тие кои извезуваат,  имаме една порака –  да не го имаат македонскиот пазар како резерва во делот на снабдување со овошје и зеленчук. Ќе следуваат и конкретни мерки. Од јули до денеска се забележува дека има начелно многу голем извоз на одредени земјоделски производи, но тоа треба да биде во корелација со зголемено производство поради тоа што во одредени држави има недостаток на овие производи и наместо да го покриваат македонскиот пазар, количините кои се за него ги извезуваат, рече Бектеши.

Потсети дека Владата преку интервентниот фонд и со редовните субвенции ги субвенционира земјоделците за да се зголеми производството и да имаме поконкурентни цени, но дека нема намера да субвенцинира производи за други држави.

Намената на субвенционирање производи е за нашата држава и затоа, наведе, не сакаме да се доведеме во ситуација разликата што се прави да бидеме обврзани да ја надополниме со увоз кој согласно со моменталните давачки е 65 проценти за одредени земјоделски производи.

– Затоа апелирам тоа што е предвидено да се пласира на домашниот пазар да се направи. Ако се прави спротивното, како Министерство за економија до Владата нема да предлагаме намалување на одреден процент, туку целосно укинување на увозните давачки за земјоделските производи зашто наша цел  е да го заштитиме животниот стандард на граѓаните. Тоа би го направиле со такви одлуки ако во случај се зголеми извозот на производи што е за пласман на македонскиот пазар, изјави Бектеши.

Трговците со овошје и зеленчук,  оцени Бектеши, заради одредени профити го применуваат најлесното да дојдат до поголеми профити.

-Не сакаме да се доведеме во ситуација да носиме забрани заради тоа што Република Македонија  е пример за начинот како се реализираат договорите за слободна трговија што ги имаме и во соседството и на ниво на Европска унија. Во случај ако имаме информација, а веќе доаѓаат информаци дека нашите соседи, а посебно Србија, а во одредени случаи и Косово прават дампинг цени со цел да бидат поконкурентни на нашиот пазар вклучувајќи тука и одредени производи во делот на безалкохолните и пијалаци, обврзани сме да ги штитиме нашите домашни производители, а така ќе ги заштитиме и нашите потрошувачи, изјави Бектеши.

Ако треба, како што најави, утре ќе има дополнителна седница на Владата и  ќе се носат нови одлуки.

-Затоа, мојата порака е во контектс на тоа заеднички да се справуваме со зголемувањето на цените , а товарот да не биде директно на земјоделците, бидејќи имаат дополнително маржи што ги користат посебно тие што се занимаваат со овошје и зеленчук.  За тоа што го наведов во делот на извозот Владата може да носи одлука преку ден, но тогаш и извозот што е заради зголемено производство би се ставил во незгодна ситуација, изјави Бектеши.

Анализата на Министерството за економија за реализацијата на мерките за намалување и замрзнување на цените на прехранбените производи и нивното влијание, како што соопшти, покажала дека заштедата на домаќинствата без мерките за пијалаците изнесува 2.070 денари.

-Споредено од 1 август цените во малопродажба и тие на 20 септември  речиси секое домаќинство во државава има заштеда од 2070 денари од сите производи за кои има замрзната цена. Тука не влегуваат пијалаците, со кои согласно нашите проекции заштедата би достигнала 2400 до 2500 денари, изјави Бектеши.

Бектеши Пазар
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.