Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бектеши: Нема да има рестриктивни мерки, само вбризгување на финансиски средства за енергетските компании, донесена одлука за кризна состојба во енергетскиот сектор

0
By Mirjana on November 9, 2021 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Владата на денешната седница по барање на Комисијата за следење на состојбата во енергетскиот сектор, составена од Министерството за економија донесе одлука за прогласување на кризна состојба во енергетскиот сектор во траење од 30 дена, кажа министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конференција во Владата.

Одлуката e донесена и со цел да се вбризгаат средства во енергетските компании за да се зголеми нивната ликвидност. Станува збор за речиси 65 милиони евра, кои ќе бидат префрлени од државниот буџет.

Како што информираше министерот Бектеши со прогласувањето на енергетска кризна состојба, единствена мерка која  произлегува од оваа одлука е да се вбризгаат финансиски средства во енергетските компании со цел да се стабилизира состојбата на пазарот на електрична енергија, односно не се предвидени рестриктивни мерки .

„На 30 октомври, Владата донесе Уредбата за критериумите и условите за прогласување на кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија.  Со оваа Уредба се утврдуваат критериумите и условите за прогласување на кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија и мерките што се преземаат во случај на кризна состојба настаната поради временски и природни непогоди, хаварии и нарушувања на пазари на енергија, начинот на снабдување со електрична енергија во услови на кризна состојба, како и правата и обврските на  носителите на лиценци за вршење на енергетските дејности пренос, дистрибуција, снабдување и трговија со електрична енергија. Согласно оваа Уредба, Министерството за економија формираше Комисија за следење на состојбите со снабдување со електрична енергија, како постојано тело, со десет претставници од засегнатите чинители на енергетски дејности. Мандатот на овие членови е 4 години.Операторот на преносниот систем МЕПСО АД, изготви Извештај за проценката на стабилноста на македонскиот електроенергетски систем за послетниот квартал на оваа година.Според доставениот извештај Комисијата процени дека постои ризик од настанување на кризна состојба поради недостиг на електрична енергија и состојбата на пазарот на електрична енергија“ кажа министерот и потенцираше дека ваквата проценка на ризици се темели намалените капацитети на домашното производство, но и поради зголемените цени на светските пазари.

„Владата во моментов е фокусирана на успешно справување со предизвиците настанати од глобалната енерегетска криза. За остварување на таа цел, вклучени се раководставата на компании од енергетскиот сектор и владини институции. Нашата најголема заложба е да се заштитат граѓаните од ценовни шокови, а за компаниите да се обезбеди најповолната цена на електричната енергија“ кажа Бектеши.

 

 

 

Бектеши објави кризна состојба за 30 дена
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.