Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бектеши: Очекуваме намалување на цената на струјата од јули

0
By Соња Крамарска on February 10, 2023 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, НАСЛОВНА
Од денешниот брифинг со новинарите
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Согласно домашните капацитети за производство на електрична енергија и анализите од Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) не очекуваме да има зголемување на цената на електричната енергија од 1 јули годинава, рече министерот за економија Крешник Бектеши на денешниот брифинг со новинарите заедно со директорот на АД ЕСМ, Васко Ковачевски.

„Ние сме во координација и со Регулаторната комисија за енергетика која е надлежна за цените на електрична енергија. Веќе се прават одредени анализи и се анализираат до детали одредени опции и со факултетите и со експерти за да се менува начинот на утврдување на цената на електрична енергија. Согласно капацитетите што ќе ги имаме во мај и јуни и јас сум убеден дека сите одлуки ќе бидат донесени во насоки да се зачува животниот стандард на граѓаните и да се поддржат малите и средни компании. Од 1-ви јули не очекуваме да има зголемување на цената на струја. Очекуваме да има дополнително намалување како што направивме од 1-ви јануари согласно производството на ЕСМ, како и движењето на цените на берзите“, вели министерот.

Во однос на компаниите од прехранбениот сектор кои што добија повластена цена на електрична енергија и кои не ги намалиле цените согласно договореното со Владата, како што кажа министерот, се прават анализи и можно е да се соочат со губење на оваа поволност.

„Тоа ќе се знае на крајот на месецов согласно податоците од Државниот пазарен инспекторат. Оние што ги намалиле цените ќе продолжат да ја користат таа поволност. На дневна база разговараме со стопанските комори и со одредени сектори од индустријата, особено производителите на домашни прехранбени производи. Во случај ако нема дополнително намалување ќе се доведеме во ситуација тоа да се укине како поддршка од страна на Владата, затоа што целта на поддршката што ја даде Владата на барање на стопанските комори беше да се влијае во делот на намалувањето на цените на основните прехранбени производи“, појасни Бектеши.

Очекувањата беа намалувањето да се движи од 7 до 13 проценти.

 

Крешник Бектеши цена на електрична енергија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.