Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бектеши: Потпишани договори за изградба на фотоволтаични централи

0
By Нова ТВ on May 19, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерството за економија денеска потпиша договори со инвеститори за изградба на фотоволтаични централи на приватно земјиште за тендерот објавен минатата година за доделување премии за електрична енергија произведена од фотонапонски електроцентрали. Од денеска ќе започне изградбата на неколку од нив, информираше ресорниот министер Крешник Бектеши.

„Успешно го спроведовме тендерот за изградба на фотонапонски централи на приватно земјиште што значи почеток на еден нов инвестициски циклус во делот на обновливите извори на енергија. На тендерот објавен лани во август беа доставени 44 понуди и по комплетно спроведената евалуација и роковите за жалби се утврди дека од понудените 27 мегавати потпишани се договори за право на користење на премија за вкупно 21 мегават на 29 локации низ целата држава со вкупно 23 инвеститори во 16 општини“, рече Бектеши на денешната прес-конференција во Владата.

Прецизира дека јавниот повик беше поделен во четири дела во зависност од површината на земјиштето.

„За првиот дел од 0 до 200 киловати потпишани се седум договори за инсталиран капацитет од 800 киловати. За вториот дел од 201 до 500 киловати потпишани се шест договори за инсталиран капацитет од 2,4 мегавати. За делот од 501 до 1.000 киловати потпишани се 12 договори за инсталиран капацитет од 10 мегавати, а за четвртиот дел од 1.001 до 3.000 киловати, односно од 1 до 3 мегавати потпишани се четири договори за инсталиран капацитет од 8,16 мегавати. Сите инвеститори ќе имаат рок од три години да завршат со изградбата на фотонапонските електрани и по пуштањето во употреба ќе потпишат договори за користење на премиуми во траење од 15 години“, посочи Бектеши и додаде дека тоа ќе ја чини државата околу 420.000 евра на годишно ниво за сите договори, вклучувајќи ги и договорите за изградба на фотоволтаични електрани на државно земјиште, во зависност од производството на електрична енергија.

Потсети дека на тендерот за изградба на фотонапонски електрани на државно земјиште, заради големиот интерес, наместо државата да исплаќа премии доби приближно три милиони евра во Буџетот од компаниите кои ги потпишаа договорите.

„Тоа значи дека со парите од државното земјиште ќе се покријат трошоците за седум наредни години за премиумите и на приватното и на државното земјиште“, потенцира Бектеши.

Тој додаде дека со потпишаните договори за изградба на фотовоолтаици ќе се градат вкупно 56 мегавати од обновливите извори на енергија (ОИЕ) на државно и на приватно земјиште, а ЕСМ, како што кажа, веќе потпиша договор за изградба на 10 мегавати во ТЕЦ „Осломеј“,. Во февруари објави тендер за изградба на дополнители 100 мегавати на истата локација и планира да гради 20 мегавати во РЕК Битола што вкупно е инвестициски циклус од над 120 милиони евра.

Бектеши нагласи дека Министерството за економија поддржува активности за промоција на ОИЕ и поттикнување на енергетската ефикасност со цел реализација на зацртаните цели за учество на ОИЕ утврдени во стратешките документи во насока на постигнување на националната цел за заштеда на енергија.

„Една од главните цели на енергетската политика во земјава е поттикнување и поддршката на приватни инвестиции за изградба на енергетски објекти со ОИЕ. Тоа е инвестирање во зелена енергија за значаен придонес во заштитата на животната средина и ублажување на климатските промени. И во време на светска пандемија со ковид-19 која предизвика и економска криза насекаде, Министерството за економија не застана со реализација на своите проекти кои значат подобар и поквалитетен живот“, потенцира Бектеши.

економија Крешник Бектеши Фотоволтаици Централи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.