Министерот за економија, Крешник Бектеши, денеска, заедно со заменик министерот за транспорт и врски, Беким Реџепи и градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети, учествуваше во пуштањето во употреба на патот 1 во општина Сарај.

Бектеши им честита на градоначалникот и на општинската администрација за посветеноста и прекрасната работа што ја направија овие месеци за реализација на овој проект, упатувајќи порака до другите општини да започнат со реализација и да не прават пречки при реализацијата на проекти кои произлегуваат од програмата ТАВ.