Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бектеши: Субвенции за октомвриските плати ќе има

0
By Нова ТВ on October 21, 2020 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Владата ќе го испрати деновиве до Собранието законското решение за субвенционирање плати на компаниите, рече денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Оваа мерка е дел од четвртиот сет антикризни мерки. Владата ги најави пред три недели, дел од нив не можат да се применуваат поради тоа што не е поминат ребалансот на буџетот, за дел не се усвоени законските измени. Бектеши ги повика сите политички субјекти да не водат дневна политика и во собранието измените да поминуваат брзо. Првата плата што треба да се субвенционираа е таа за октомври. Министерот вели дека ќе се стаса со решението до почетокот на ноември

„Што се однесува до четвртиот сет економски мерки сакам да ги повикам сите политички партии да бидат конструктивни, не треба да се прави дневна политика, заеднички да придонесеме и да им излеземе во пресрет на граѓаните и на фирмите. Јас сум убеден дека навреме ќе почне примената.  Бескаматните кредити веќе почнаа, за субвенционирањето на платите овие денови, можеби денеска или утре, ќе го пратиме законското решение во собрание и очекуваме на почетокот на ноември да биде усвоено. За дел од мерките треба да се усвои и ребалансот кој моментно е во собраниска процедура, па да излезе во Службен весник. Ние како Министерство сме ги подготвиле сите јавни повици и имаме можност веднаш да ги објавиме. Затоа ги повикувам сите партии и да ги донесеме решенијата, рече Бектеши.

Во четвртиот пакет предвидени се повеќе мерки меѓу кои и картичките за пензионерите и невработените. Како што е познато, поддршката за исплата на плати до крајот на годината ќе биде скалеста, од 14.500 до 21.776 денари. Таа ќе се однесува на компании кои се погодени од ковид кризата, односно нивните приходи се намалени за 30 и над 30 проценти. Државата ќе ги субвенционира платите на работниците во овие фирми во месеците октомври, ноември и декември, односно до крајот на годината. Со неа Владата очекува дека ќе се поддржат 250.000 работни места, за кои ќе се издвојат 70 милиони евра.

Извор:фактор.мк

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
ФОКУС

Обвинителство во Милано: Викенд снајперистите во Сараево носеле пушки како за лов и плаќале да убиваат деца

ВЕСТИ November 13, 2025

Обвинителството во Милано, како дел од истрагата за „викенд-снајперисти“ за време на опсадата на Сараево,…

81 година слободно Скопје

November 13, 2025

Трамп го потпиша Законот за финансирање, со што заврши рекордната блокада на работата на американската Влада

November 13, 2025

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

November 12, 2025
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.