Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бектеши: Закрепнувањето и економскиот раст се наш приоритет, ги поддржуваме компаниите кои инвестираат дури и во кризни услови

0
By НОВА ТВ Balaban on September 7, 2021 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Северна Македонија ќе стане транзитна земја што се однесува до транспорт на природен гас не само во Западен Балкан туку се надеваме во блиска иднина и надвор од границите на Западен Балкан, рече Бектеши. 

Mинистерот за економија, Крешник Бектеши, денеска заедно со претседателот  на државата, Стево Пендаровски, вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, министерот Бесими, Нуредини и други колеги министри, претставници од различни земји, како и претставници од бизнис секторот учествуваше во првата годишна конференција организирана од страна на Министерството за финансии  во рамките на Економски и финансиски форум на тема„ Економско закрепнување и раст по Ковид “.

Министерот Бектеши нагласи дека во оваа време на криза е многу важно организацијата на вакви настани каде отворено може да се дискутира за сите последици врз економијата. Во првиот дел на панелот Бектеши ги објасни плановите за охрабрување на инвестицци во енергетскиот сектор.

– Како Влада работиме што е можно понапорно за брзо и успешно закрепнување, но и за исполнување на потребите на граѓаните и на деловната заедница што во вакви услови на криза се уште поважни за нас. Министерството за економија во енергетскиот сектор веќе изнајде огромни реформи кои се усогласени од аспект на законодавството со “АКИ”, со законодавството на ЕУ и директивите.  Kризите можат да значат и шанса и можност особено за земјите кои што се во развојна фаза така што изнајдовме неколку можности  директно сме инволвирани со приватниот сектор за стимулирање на нови инвестиции особено фотоволтаични ветерници и така натаму, кажа Бектеши.

Бектеши понатаму во панелот нагласи дека енергетскиот сектор е многу важен сектор и дека Северна Македонија ќе стане транзитна земја што се однесува до транспорт на природен гас.

– До крајот на годината во нашата земја ќе имаме можност да имаме повеќе од сто и триесет мегавати фотоволтаична енергија што беше доста ограничено со предходниот тарифен модел не повеќе од осумнаесет мегавати капацитет со оглед на тоа што Северна Македонија има огромен капацитет во овој сектор така што го искористуваме сиот наш капацитет.

Северна Македонија ќе стане транзитна земја што се однесува до транспорт на природен гас не само во Западен Балкан туку се надеваме во блиска иднина и надвор од границите на Западен Балкан. Го усвоивме новиот Закон за енергетска ефикасност, стратегија за животна средина заедно со Министерството за животна средина и предвидовме неколку мерки во однос на квалитетот на градежништвото со цел да се намали потрошувачката на електрична енергија во Северна Македонија и сметаме дека со тоа може да ја постигнеме целта да го трансформираме енергетскиот сектор до 2027-та година што е во усогласност со агендата на Владата но истовремено  и со агендата на Европската Унија – нагласи Бектеши.

Министерот Бектеши кажа дека пандeмијата влијаел негативно врз туризмот но истовремено овој сектор беше најподржен сектор од страна на Владата.

– Туризмот навистина претрпе удар, не беше тоа само во Северна Македонија туку и на глобално ниво но важно е да се подвлече дека заедно со Стопанските комори и сите засегнати страни во Мкедонија имајќи ги предвид  сите економски мерки и пакети што ги обезбедивме за подршка на економијата дека туризмот беше најподржен сектор во Северна Македонија дури и за една земја која има ограничени капацитети во однос на привлекување на туристи. Работиме на неколку сегменти во туризмот со цел подобрување прво на инфраструктурата, да се прошири и понудата во однос на авионски летови, да имаме повеќе тур оператори на мапата така што немаме национален пристап за развојот на туризмот но сакаме да имаме регионален пристап имајќи предвиде дека сме мала земја, комуницираме со нашите соседи со цел да имаме една заедничка понуда посебно за далечките земји.Научивме многу од пандемијата кога се работи за дигитализацијата во туристичкиот сектор не само во делот промоција туку и обезбедување подобри услуги за туристите во насока на тоа да добијат една подобра слика за Македонија и за целиот регион, кажа Бектеши.

Бектеши нагласи дека ги исполнивме сите критериуми во однос на добивање на безбеден печат дека Северна Македонија е на мапата на безбедни земји за пост ковид периодот што е многу важно за привлекување на туристи.

 

Економски и финансиски форум Крешник Бектеши
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.