Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Белата куќа ја појаснува изјавата на Бајден за смена на Путин

0
By Biljana on March 26, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Американскиот претседател Џо Бајден денеска од Варшава повика на смена на рускиот претседател Владимир Путин.

– Па овој човек не може да остане на власт, изјави Бајден.

По реакцијата во јавноста, Белата куќа ја појасни неговата изјава.

„Поентата на претседателот беше дека на Путин не може да му се дозволи да има власт над соседите или во регионот. Тој не го коментираше владеењето на Путин во Русија или промената на режимот“, изјави претставник на Белата куќа за Волстрит Џурнал.

Реакција веднаш пристигна и од Москва.

– За тоа не може да одлучува господинот Бајден. Тоа може да биде избор само на народот на Руската Федерација, изјави портпаролот на Путин.

Во својот говор Бајден рече дека Европа мора да се „челичи“ за долга борба против руската агресија.

Тој зборуваше пред кралската палата во Варшава, која беше сериозно оштетена за време на Втората светска војна.

Тој посочи дека инвазијата на Путин на Украина се заканува да доведе до „децениски војни“.

– Мораме да имаме јасна визија во оваа борба. Оваа борба не може да се добие за неколку дена или месеци, рече американскиот претседател.

Меѓу околу 1.000 собрани имаше и украински бегалци кои избегаа од војната во Полска.

Обраќајќи му се директно на Путин, тој предупреди дека Русите не смеат да преминат ниту еден метар на територијата на НАТО.

Осудувајќи ја инвазијата на Украина, Бајден му порача на рускиот народ да не го сметаат за непријател.

Тој имаше и средба со украински бегалци, меѓу кои и цели семества принудени да ги напуштат своите домови. На новинарско прашање за тоа што помислил за Путин по средбата со бегалците, Бајден одговори: Тој е крвник.

Една жена која разговарала со него му рекла дека таа е таму со својата ќерка, но дека нејзиниот сопруг и син се вратиле во Украина да се борат. – Тоа е страшно, рече Бајден.

Жената со помош на преведувач проговорила за хоророт низ кој поминало нејзиното семејство и рекла дека „Украинските мајки се подготвени да го задават Путин со голи раце“

Бајден Бела куќа Путин
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.