Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Белата куќа: Ќе следат дополнителни мерки за казнување на Путин, може да бидат опфатен и извозот на нафта 

0
By Соња Крамарска on March 2, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Прес-секретарката на Белата куќа, Џен Псаки, денеска навести дополнителни мерки за казна на рускиот претседател Владимир Путин за инвазијата на Украина, кои ќе бидат во правец на потиснување на руската економија, јави Си-Ен-Ен.

За време на гостувањето на Си-Ен-Ен, таа го промовираше глобалното единство од НАТО и другите земји со цел „да се бара одговорност од претседателот Путин“, наведувајќи ги чекорите на санкциите и другите најавени потези.

„Рубљата драстично падна; тие ја држеа берзата затворена затоа што беше толку катастрофална, а ние веќе ги гледаме влијанијата“, рече таа, укажувајќи и на воената и безбедносната помош за Украина, бидејќи рече дека „ќе дојде уште за да продолжи да го притиска Путин. ”

Прашана дали САД со мерките ќе го таргетираат извозот на гориво на Русија, таа рече дека САД „сакаат да го максимизираат влијанието врз претседателот Путин“ и дека приоритет на Белата куќа е да се минимизира неговото влијание дома.

„Сè уште е на маса, не е надвор од масата“, рече Псаки за напорите да се забрани извозот на руска нафта. „Она што претседателот Бајден не сака да го направи е да ги собори глобалните пазари на нафта или глобалниот пазар, или да влијае кон повисоки цени на енергијата и гасот. 

Таа го повтори ветувањето на Бајден дека нема да испраќа американски војници да се борат во Украина, но укажа на хуманитарна и економска помош.

На прашањето дали САД директно се координираат со своите украински воени партнери, таа рече дека има „апсолутнa размена на информации“. Но, одби да коментира дали претставниците на американската одбрана биле вклучени во воените планови за запирање на огромниот руски конвој надвор од Киев, истакнувајќи дека САД се во „редовна, постојана врска“ со украинските лидери.

Таа го нарече рускиот напредок во цивилните центри „фрустрирачки“, „вознемирувачки“ и „застрашувачки“.

„Ова е модел на ужас од претседателот Путин и од пријателите околу него“, рече таа.

Бајден извоз на нафта русија санкции
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.