Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Белата куќа на состанок поради опасноста од Ал Каеда

0
By Нова ТВ on August 4, 2013 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Заканите од глобалната терористичка мрежа Ал Каеда, „креираа“ состанок во Белата куќа на кој се разговараше токму на таа тема, еден ден пред привременото затворање на американски амбасади и конзулати во арапските земји, Израел, Авганистан и Бангладеш, пренесува AFP.

Состанокот со кој претседавала советничката за национална безбедност Сузан Рајс, се одржал во присуство на државниот секретар Џон Кери, министерот за одбрана Чак Хејгел и секретарката за внатрешна безбедност Џенет Наполитано.

Присуствувале и директорите на ЦИА, на ФБИ и НСА.

Американскиот претседател Барак Обама не присуствувал на состанокот на кој требало „исцрпно да се анализира ситуацијата и дополнителните мерки“.

Во петокот „претседателот им нареди на своите соработници задолжени за националната безбедност да ги преземат сите неопходни мерки поради заштита на Американците имајќи ја предвид можната закана која можеби постои или доаѓа од Арапскиот полуостров“, се наведува во соопштението на кое се повикува АФП.

>> Амбасадите се затвораат низ светот- опасност од Ал Каеда

Во четвртокот, портпаролката на американскиот Стејт департмент, Мари Харф изјави дека голем број американски амбасади и конзулати ќе бидат затворени во некои земји, поради безбедносни причини. Таа предупреди дека дипломатските мисии може да останат затворени неколку дена.

Американскиот Стејт департмент во петокот објави предупредување за своите државјани ширум светот да бидат претпазливи бидејќи напади се можни „во прв ред на Блискиот исток и во Северна Африка“, како и на Арапскиот полуостров.

Во недела ќе бидат затворен американските дипломатски мисии во Египет, Ирак, Катар, Бахреин, Авганистан, Бангладеш, Јордан, Оман, Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Кувајт, Алжир, Јемен и Либија.

Велика Британија, Германија, Франција и Канада, исто така, објавија дека нивните амбасади во јеменската престолнина Сана нема да работат во недела и понеделник, поради веродостојни информации за зголемена опасност од терористички напади врз западни дипломатски мисии.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

ВЕСТИ November 10, 2025

Берлин, некогаш поделениот град што беше симбол на Студената војна, денеска одбележа 36 години од…

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.